Повеќе од 1.000 европски финансиски институции бараат пристап до Обединетото Кралство по Брегзит

   

Вести / 20.01.2020
👁 Прочитано: 523


Повеќе од  1.000 европски финансиски институции бараат пристап до Обединетото Кралство по Брегзит

Над 1441 банка и други финансиски институции од ЕУ побарале дозвола од британските власти да отворат канцеларии и седишта во Обединетото Кралство по Брегзит за да можат да продолжат соодветно да ги служат британските клиенти.

Податоците се објавени во извештајот на консултантската фирма Бовил и се резултат на официјални британски финансиски власти. Истите покажуваат дека и покрај стравувањата, Лондон и по Брегзит ќе остане клучен светски финансиски пазар.

Обединетото Кралство официјално излегува од ЕУ на 31 јануари по што треба да започнат трговските преговори помеѓу двата блока за идното партнерство. Во таа насока, финансискиот пазар и пристапот до него ќе биде едно од најважните поглавја во овие преговори.

Според извештајот 228 финансиски институции од Ирска побарале дозвола да отворат канцеларии во Обединетото Кралство, 170 од Франција, 165 од Кипар и 149 од Германија.

До сега ЕУ и Обединетото Кралство имаа непречен взаемен пристап до пазарите, што нема повеќе да биде случај по Брегзит.

Над триста финансиски институции од Британија побараа дозвола да продолжат да работат во Европската Унија исто така.

Претставник на консултантската фирма Бовил потенцира дека ова преставува еден вид гласање на доверба во британскиот сектор на финансиски услуги и добра вест за британската економија на услуги генерално. Податоците како што велат од Бовил, покажуваат дека “Лондон останува единствениот вистински глобален финансиски центар во Европа и дека фирмите на континентот со глобални аспирации ќе продолжат да имаат потреба да водат бизнис во Британската престолнина”.