24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.07.2017


Актуелно  

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ИНИЦИРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ВО ОДНОС НА ПРОДАЖБАТА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ


Стопанската комора на Македонија до Министерството за економија, денеска ќе поднесе Иницијатива за изменување на Законот за трговија со која се предлага укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци (која е со важност од 2 години и можност за продолжување со високи износи на надоместоци за лиценците, особено за големите трговци) и отстранување на ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалаци по 19, односно 21 часот  до 6 часот, информираше на денешната прес конференција оперативниот директор на Комората м-р Елена Милевска Штрбевска, 10.07.2017 година.

Иницијативата произлегува од барањата на компаниите-членки на Здужението на  трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија. Во изминатите 9 години од примената на овие ригорзони ограничувања во трговијата, Комората континуирано укажувааше дека, со нивната примена се нанесува голема финансиска штета на трговците на големи и мало, како и на компаниите од домашната индустрија за прозводство на ваков вид пијалаци, што негативно се одразува на нивниот развој и предизвика намалување на бројот на работни места, посочи Милевска Штрбевска.

Како илустрација за големината на загубите од примената на законските ограничувања во трговијата со алкохолни пијалаци, говорат и податоците дека со воведувањето на лиценците за продажба на алкохол, над 5.500 трговски објекти во земјата (од вкупно околу 13.000 трговски објекти) се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет.

Комората бара и укинување на давачката од 0,05 отсто за продолжување на лиценцата за продажба на алкохол кај трговците со над три продажни објекти, поради тоа што се однесува на вкупниот промет, а не само на прометот на алкохолните пијалаци. Со давачката, додаде оперативниот директор на Комората, оваа категорија трговци се доведени во нерамноправна положба во однос на останатите субјекти на пазарот. Имено, согласно Законот за трговија е предвидено дека за продолжување на лиценцата трговецот е должен да плати надоместок во износ од  5.000 денари за секој продажен објект ако има до три продажни објекти и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти, како и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година.

Ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа директно го стимулираше производството и трговијата со алкохолни пијалаци „на црно“, за кои не се плаќаат акцизи и даноци и кои се широко достапни за целокупното население, вклучувајќи ги и најмладите. Зголемувањето на производството и трговијата со алкохол „на црно“, нанесува директна штета на:
         1. Kонсументите (нема контрола на квалитетот на алкохолните пијалаци што се продаваат на црно);
         2. Државата (загуба поради неплатени даноци и акцизи); и 
         3. Домашната индустрија за пијалаци и легалните трговци кои мора да плаќаат огромни давачки (лиценци), а се соочени со намалување на прометот.


Еден од главните аргументи за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохолните пијалаци беше да се намали консумацијата на алкохол во земјата, особено кај младите. Но, напротив, во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен во 2016-та година, се констатира: „Консумацијата на алкохол денес не е само појава кај возрасните лица, туку и кај младите луѓе чиј број од ден на ден станува се поголем“, исткана Милевска Штрбевска.

Од ова произлегува дека, единствена ефикасна мерка за намалување на достапноста на алкохолот кај младите е доследната и ригорозна примена на законските одредби за забрана на продажба и точење на алкохол на лица под 18 години, а не „прохибиција“ за сите.  Деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци (пред се, винската и пивската индустрија во Република Македонија), како и деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи целосно ја поддржуваат заложбата за забрана за продажба на алкохолни пијалаци на малолетни лица, и инсистираат на доследно спроведување на оваа забрана, за што и самите, преку активности на корпоративна општествена одговорност ќе се вклучат во спроведување на овие мерки.

Во изминатите девет години од примената на оваа рестриктивна законска регулатива, не се понудени никакви емпириски докази дека таа остварила какво било влијание врз евентуално намалување на алкохолизмот во Република Македонија. Затоа останува фактот дека и без овие мерки на ограничување на продажба на алкохол во трговијата, Македонија има далеку пониска стапка на консумација на алкохол по глава жител во овој дел од светот, ако се има предвид дека просечната потрошувачка на алкохол по глава на жител во 2015 година во Република Македонија изнесувала 5,7 литри (според податоците од Светската здравствена организација), што е значително помалку од европскиот просек од околу 10 литри по глава на жител.

Република Македонија има мала потрошувачка по глава на жител во Европа од околу 10 литри вино и под 30 литри пиво. Според податоците од Светската здравствена организација, од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци, во Република Македонија најмногу се консумира пиво (47,4% од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци), потоа вино (39,9%), а на останатите пијалаци отпаѓа 12,6% од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци.

За споредба, во Бугарија, Словенија и Хрватска потрошувачката на пиво се движи и до 75 литри по глава на жител, додека потрошувачката на вино е околу 25 литри со што далеку се надминува домашниот просек. Дополнително, иако Македонија се декларира како винска земја, согласно статистичките податоци, во Република Македонија се консумира само 9-10% од вкупното производство на вино.

Колку за илустрација, просечната консумација на пиво во Македонија се движи под 30 литри по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри. Според овој параметар, ние сме многу далеку од Германија каде годишно се пие по околу 120 литри пиво и Чешка каде се консумираат близу 160 литри пиво по жител годишно. Во ниедна од овие земји, ниту во останатите земји-членки на ЕУ, не постојат законски ограничувања за продажбата на алкохолни пијалаци како овие во Македонија.

Многу од европските држави воопшто не предвидуваат обврска за поседување на посебни лиценци за продажба на алкохолни пијалаци. Исто така, не се предвидуваат било какви ограничувања во однос на работните часови за продажба на алкохолни пијалаци (вклучувајќи ги помеѓу другите Белгија, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Хрватска, Грција, Чешка, Словачка).

М-р Елена Милевска Штрбевска

 

 

 

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права