Приказната за „ИНБОХ“

   

👁 Прочитано: 3501


Приказната за „ИНБОХ“

При посетата на компанијата „ИНБОХ“ - Скопје, членка на Стопанската комора на Македонија, главниот извршен директор Стојче Тасков, ни ја (рас)кажа Приказната за „ИНБОХ“.

Сеќавањата и спомените не се веродостојна слика на фактите! Тие се избледена и непрецизна интерпретација на настаните од минатото, Но кога се работи за бизнис, токму чистата слика за фактите ја прави разликата помеѓу добра и лоша деловна одлука. „ Инбох“ е создаден со мисија, да им помогне на компаниите да ги организираат, чуваат и искористат фактите, без разлика како, каде и кога настанале, бидејќи добрите деловни одлуки се невозможни без навремени и вистинити информации.

„Инбох“ е уникатна компанија со интегриран бизнис модел во кој се развиени компетенции за чување и управување со документи и информации од минатото, сегашноста и иднината. Уникатноста е создадена со интегрирање на 3 технолошки платформи кои работат поврзано и овозможуваат ефикасно:

1. Управување со физички документи - „ Инбох“ е најголемиот архивски центар за физичка документација во Република Македонија со резервиран капацитет поголем од 50.000 м3 (метри кубни) архивски депоа и милијарди документи доверени на чување и управување. Импресивноста не завршува со просторниот потенцијал на „Инбох“, туку се надградува со специјализираните човечки ресурси и американската технолошка платформа во која физичката архива е електронски обработена во единствен електронски регистар преку кој клиентите управуваат електронски со својата физичка архива! Колку и да ви звучи чудно, тоа е возможно - физичката архива се управува електронски. Секој документ има електронска локација, секоја архивска операција може електронски да се закаже и изврши и кој и да било документ кој постои само во физички формат, може да се трансформира во електронски достапен документ за 15 минути и да биде достапен какое-документ на нашата „клауд“ платформа http://www.mojaarhiva.mk/ .

„Инбох“ го решава предизвикот „Како можам да управувам со физички документи, на која било географска локација, да ги собирам, организирам, архивирам, пребарувам, пронаоѓам и користaм без да станам од столчето“? Да можете, доколку работите со „Инбох“, се` што треба да направите е да издадете електронски налог за активноста и ние ќе ја извршиме во ваше име и за ваша сметка.

Приказната за „ИНБОХ“

2. Конверзија и управување со електронски документи - Принципите за безбедноста на документите и ефикасноста во пристапот и употребата се во постојан конфликт. Колку се поголеми стандардите за безбедност, толку е потежок патот што треба да го поминете за да пристапите до документот. Ние во „Инбох“ имаме технолошки систем за конверзија и репликација на документи од еден во друг формат, со што создаваме И ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ на информациите кои се реплицирани во 2 различни формати и поголема ЕФИКАСНОСТ во употребата преку авторизиран пристап до КОПИЈА од документот а не оригиналот. „Инбох“ ја поседува најуникатната технологија за дигитализација на документи со која може да дигитализира и реплицира документ во кој и да било формат. Од бизнис картичка, стаклена плоча, микро-филм до рендгенски снимки и технички цртежи долги 10 метри. Нашата скен технологија е супериорна и може да се користи во сите процеси. Скенираме со лед, со ласер, со директен контакт или целосно бесконтактно. Тоа е импресивно! Но тука само почнува импресивноста, скенирањето создава само СЛИКА, а не документ. Сликата е неупотреблив формат во деловно работење. Нашата уникатност продолжува со поседувањето на софтверска технологија за конверзија на скенирана слика во документ, софтверско читање на документот и извлекување на сите важни зборови и карактери од документот кои потоа може да се користат за која било функција. Да раскнижите фактура автоматски, да пополните извештај, да архивирате или разведете документ во деловодник.

„Инбох“ го решава предизвикот како може да ставам документ во скенер и тој самиот да се скенира, прочита, архивира и потоа да се достави до лицето на кој е упатено или да се раскнижи самиот во друга софтверска апликација, без никаква човечка интервенција. Тоа го решава „Инбох“, со својата уникатна Scan+ОCR+Datacapture технологија. Ве предизвикуваме да не` предизвикате!

Приказната за „ИНБОХ“ 

3. Дигитална трансформација - Документите од минатото се физички, но документите од иднината не се. Документите од иднината се одредени од смислата и функцијата, се создаваат и постојат во дигитален еко-систем што ја извршува дадената функција. На пример, фактурите не се создаваат сами за себе, туку постојат во рамките на функцијата плаќање за искористено добро или услуга. Тие ЖИВЕАТ ВО ПРОЦЕСОТ на извршување на таа функција. „ИНБОХ“ ја разбира смислата на документите и го разбира процесот во кој тие се создаваат, менуваат и извршуваат и како одговорен лидер во процесот на дигитална трансформација на општеството, создаде дигитална ПЛАТФОРМА – Digital OFFICE, со која ќе им помогне на компаниите дигитално да ги создаваат документите, дигитално да ги извршуваат функциите на тој документ преку автоматизиран и дигитално управуван работен процес.

„Инбох“ го решава предизвикот - Како можам да се ослободам од рутински процеси кои се повторуваат и да го остварам својот креативен потенцијал во функција на создавање подобри услуги и кориснички искуства за моите клиенти? Многу лесно. „Инбох“ ви помага да ги дигитализирате и автоматизирате процесите што се повторуваат, а човечкиот потенцијал ослободен од рутината, ќе стане креативен и ќе создава нови и подобри човечки искуства.

За подобра иднина, роботизирајте ги процесите, а хуманизирајте ги човечките искуства. Ви стоиме на располагање.

Лазо Ангелевски