„ПОФИКС“ - ТЕТОВО – ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР И ВО СТРАНСТВО

   

👁 Прочитано: 2073


„ПОФИКС“ - ТЕТОВО – ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР И ВО СТРАНСТВО

„ПОФИКС“ од Тетово е современа фабрика за производство на високо квалитетни материјали од областа на градежништвото, која во нашата држава започнува со работа во 2001 година. Изградена е врз база на најновите светски техничко-технолошки достигнувања во оваа област, со целосна автоматизација на технолошкиот процес на производство. Врз база на ова се добиваат производи кои придонесуваат за брзо, квалитетно и економично градење, според европските норми и стандарди. Портфолиото на производи на „ПОФИКС“ опфаќа минерални производи (градежни лепаци, декоративни малтери, основни малтери и малтери за израмнување), акрилни производи (акрилни малтери и бои, декоративни малтери и други производи), изолација (PO FIX XPS и PO FIX Therm EPS) и профили.

Во фабриките во Тетово се произведуваат минерални и акрилни малтери, како и XPS и профили. Од 2008 година „ПОФИКС“ е присутна со сопствени фабрики и во Косово, во кои се произведуваат минерални малтери и EPS.

За 2018 година „ПОФИКС“ од Тетово има остварено извоз во вредност од над 7 милиони евра и го зазема 64-то место од топ 100 извозни компании. Производите на „ПОФИКС“ од Тетово се присутни на пазарите на балканските држави.

Посета на оваа успешна компанија реализираа д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и м-р Анета Димовска, одговорна за анализи и истражувања на стопанскиот систем и економската политика во Комората, во рамки на која остварија работен состанок со сопственикот на „ПОФИКС“ , Истреф Мемедали.

На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочува компанијата во своето работење, како и за планираните идни активности на „ПОФИКС“. Во иднина оваа компанија планира нова инвестиција во капацитети за производство на стаклена волна во земјата и во врска со тоа од страна на претставниците на Комората се презентираа некои од можностите за пристап до финансии кои стојат на располагање.

„ПОФИКС“ - ТЕТОВО – ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР И ВО СТРАНСТВО„ПОФИКС“ - ТЕТОВО – ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР И ВО СТРАНСТВО

Сопственикот на компанијата, Мемедали, истакна дека практика на фирмата е висококвалитетниот кадар кој е дефицитарен (како на пример, хемиски инженери), а од кој зависи производствениот процес да е добро платен. Од страна на претставниците на Комората беа потенцирани активностите на Комората, како и приоритетите за следниот период и беше изразена подготвеност за поинтензивна идна соработка со успешната македонска компанија „ПОФИКС“ од Тетово.

м-р Анета Димовска