ИТ КОМПАНИЈАТА "INFOBIP" Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ “ЕДНОРОГ”
➢ Актуелно (04.08.2020)
👁 Прочитано: 728



ИТ КОМПАНИЈАТА "INFOBIP" Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ “ЕДНОРОГ”

Откако странските инвеститори го препознаваат потенцијалот на хрватската ИТ компанија и вложуваат во неа повеќе од 200 милиони долари со цел да може да се проширува на пазарот на Северна Америка, некогашната мала компанија, денес достигнува вредност од над една милијарда долари. ИТ компанијата Infobip од Хрватска ја обезбеди инвестицијата од фонд за капитални инвестиции One Equity Partners (OEP). Веста за успехот на хрватската компанија ја пренесува и угледниот Њујорк тајмс. Таа е прва хрватска компанија која само за 10-тина години успева да стане дел од светската бизнис елита. 
“ОЕР има богатство искуство во поттикнување на трансформативен раст во компаниите во коишто инвестира. Возбудени сме што ќе соработуваме со успешен тим во време кога Infobip расте“, изјави Силвио Кутиќ, ко-основач на Infobip.
 

Infobip минатата година оствари приход од 602 милиони евра, а во изминатите 10 години има просечен годишен раст од 48%. Компанијата е основана пред 14 години и од таму сметаат дека се приближуваме кон нова дигитална ера која нуди многу можности за успех и содавање на нови “еднорози”, т.е млади фирми кои вредат милијарди, изјавуваат од Infobip.

Претходната година, компанијата присуствувала во Монако на доделување на награда за најдобар светски претприемач. Тогашната изјава на Силвио Кутиќ, коосновач на Infobip и денес е актуелна – “Ние имаме во план да вработиме три илјади инженери во следните три години на глобално ниво. Во Хрватска работиме со факултетите, сакаме да ги едуцираме младите луѓе да станат дел од светската дигитална економија со помош на нашите човечки платформи”, изјавил Кутиќ во јуни 2019 година. 

Инаку, според последните податоци, САД и Кина се во постојана "трка" по најмногу компании “еднорози”, односно приватни компании кои вредат најмалку една милијарда долари. 


Според истражувањата на CBInsights, во светот има близу 500-тини компании "еднорози", а листата на компании според нивното истражување може да ја видите на следниот линк:https://www.cbinsights.com/research-unicorn-companies

 

Служба за информирање при Комората