Значителен профит на производителите на ракавици за еднократна употреба
👁 Прочитано: 659



Значителен профит на производителите на ракавици за еднократна употреба

Малезискиот производител на ракавици „Топ Глове“ извести дека во четвртото фискално тримесечје забележал за 17 пати поголема добивка отколку во истиот период лани, благодарение на побарувачката за лична заштитна опрема во време на пандемијата поради корона вирусот. Периодот од три месеци, до крајот на август, најголемиот производител на ракавици за еднократна употреба во светот го заврши со рекордна нето добивка од 1,29 милијарди рингити, односно 311,37 милиони американски долари. Во истиот период минатата година изнесувала 74,2 милијарди рингити. Побарувачката за ракавици и понатаму е „натприродно“ висока, се наведува во соопштението на компанијата, проценувајќи дека во 2021 година ќе порасне за 25 проценти и 15 проценти во постпандемиски период, имајќи предвид дека на светот му е потребна заштитна опрема и по добивањето на вакцината за корона вирусот.

Служба за информирање при Комората