19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.02.2019


Актуелно  

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ: ОБУКА ЗА КОМУНИКАЦИЈА И ГРАДЕЊЕ ТИМ


Клуб на менаџери

Клуб на менаџериКлубот на менаџери-претприемачи на 7.02.2019 година го реализираше едукативното предавање на тема: „Комуникација и градење тим“, во соработка со м-р Горазд Смилевски, наставник по консултантство и претприемништво во Високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“ (БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент и еден од нејзините основачи. Посебен фокус во својата консултанска работа посветува на типологијата на личност според MBTI и користењето на истата во организациски контекст, како што се тимови и тимска работа, организациска култура, разрешување конфликти и градење силни компаниски тимови.  

Способноста успешно да се функционира во тим е навистина сложен начин на однесување. Таа опфаќа квалитети за добра проценка на членовите на тимот, приспособување на однесувањето кон секој од членовите, свесно инвестирање во градење на довербата, способности за справување со личности од тимот кои имаат поспецифичен карактер, квалитети за успешно менаџирање на тимски конфликти, способност за несебично служење на тимските цели и задачи наместо само на личните.

Клуб на менаџери

Во една група на луѓе се случува сложена интеракција која активира многу внатрешни механизми за одбрана и себе заштита од другиот. Во групната динамика се манифестираат лични карактерни црти (алчност, себичност, недоверба, агресивно комуницирање и сл.) кои предизвикуваат реакција кај другите членови и така се влегува во лоша динамика на комуникација која има негативна тенденција.

Денес, во согласност со  Годишната агенда,  беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери-претприемачи, при што менаџерите имаа можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од праксата за начинот на функционирање во тимот, бидејќи функционирањето во тим е сложен процес, но тој може да се научи. Доколку ги стекнеме и усогласиме потребните вештини, преку успешното тимско функционирање ќе успееме многу кратно да го зголемиме ефектот и резултатот од вложениот напор и енергија.

Клуб на менаџери

Секој лидер тежнее да работи со тим кој функционира одлично. Во еден високо функционален тим, членовите на тимот постојано се вклучени во работата. Тие дистрибуираат задачи, се потпираат на сопствените способности и силните страни на членовите на тимот, генерираат идеи и пронаоѓаат креативни решенија во духот на соработката, синергијата и убедувањето дека „ние заедно како тим сме најсилни“. Заеднички функционалниот тим ја постигнува заедничката цел.

Се верува дека тимот во чиј состав влегуваат повеќе талентирани индивидуалци, постигнува подобри резултати. Ваквиот тим е енергичен, инспиративен и ефикасен, а исто така добар е и за бизнис. Добрата тимска работа се насочува често како причина за позитивни резултати, меѓу кои и продуктивност, задоволни клиенти и стратегиско постигнување на целите.

Сите го знаеме значењето на еден функционален тим и како тимската координација е многу важна во процесот на остварување на саканите резултати. Важно е тимот да има (индивидуално и тимски) визија во релација со визијата на компанијата, да постои тим лидер кој ќе го организира, мотивира и ќе го стимулира својот тим, со јасно дефинирани улоги за секој член на тимот, проток на информации и јасна комуникација, процеси и процедури на работење и сигурно уште некои важни елементи коишто влијаат на тимската продуктивност и ефикасност. Исто така, голем дел од компаниите инвестираат во јакнење на капацитетите на своите тимови, а и самите менаџери се едуцираат  како да ги организираат и да ги водат своите тимови, со цел за постигнување  подобри резултати.

Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и  компаниите кои се вклучени во работата на истиот. При тоа, менаџерите имаат можност секогаш навремено да се информираат за тековните случувања , поврзани со презентации, промоции, бизнис форуми, информации  за прописи, како и со новите услуги на Комората. Сето ова е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери.

 

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права