28.02.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: Правните институти од работните односи

02.03.2017 (Саем)
6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, 2 - 3.03.2017-Нови Сад, Р. Србија

02.03.2017 (Семинар)
Бесплатен еднодневен семинар на тема: УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

03.03.2017 (Бизнис средби)
ДЕЛОВНА СРЕДБА НА КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КАВАДАРЦИ И РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП

03.03.2017 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

07.03.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: РЕГИСТРАЦИЈА НА ХЕМИКАЛИИТЕ

09.03.2017 (Семинар)
Бесплатен еднодневен семинар на тема: УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

16.03.2017 (Саем)
14. МЕДИТЕРАНСКИ САЕМ ЗА ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ЗЕЛЕНИ КУЛТУРИ- 16-19.03.2017 Дубровник, Р. Хрватска

16.03.2017 (Саем)
„WIN EUROASIA Automation“- Саем на автомобилската индустрија 16-19.03.2017

16.03.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „ISH 2017 Brokerage Event “- (енергетски сектор, животна средина и вода)

17.03.2017 (Саем)
„AGROTECH“- 23. Меѓународен саем за земјоделски технологии, 17-19.03.2017- Киелце, Р. Полска

17.03.2017 (Настан)
Повик за учество на обуки и меѓународни деловни средби на мали и средни претпријатија од Македонија

21.03.2017 (Семинар)
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

24.03.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПОИМ И СОДРЖИНА НА ТУЖБА, ДЕФИНИЦИЈА И УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ КАКО ПОСЕБЕН ВИД НА ТУЖБА ОД ЧЛЕН 177 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ТУЖБА ВО РАБОТНИ СПОРОВИ

30.03.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема:РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО

02.04.2017 (Конференција)
"ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР"- Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата,2-4.4.2017- ДУБАИ, УАЕ

06.04.2017 (Бизнис средби)
Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија

12.04.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Building Europe 2017“ - (градежен и енергетски сектор)

24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

Сертификат ISO 9001:2015

ПРВА комора и ПРВА институција во Република Македонија сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015

Стопанска комора на Македонија - ПРВА комора и ПРВА институција во Република Македонија сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015, ОД СТРАНА НА British Standards Institution (BSI)

Стопанската комора на Македонија во 2008 година започна со имплементација на барањата од меѓународниот стандард ISO 9001:2008 и истата успешно ја заокружи со сертификација од страна на реномираното сертификационо тело, интернационално препознатливо, BSI (British Standards Institution). Комората, следејќи ги новините во работењето со управување со квалитет, како институција во Република Македонија која ги препознава значењето, неопходноста и придобивките од воведениот систем за управување со квалитет, продолжи со примена и реализација на сите нови активности кои ги налага овој стандард, аплицирајќи ги во секојдневното работење. Се покажа и се потврди дека добро развиен и одржуван систем за управување со квалитет има позитивен придонес во и за остварување на целите во коморското работење, подобрувајќи ги:
• задоволството и довербата кај членките и корисниците на коморските услуги;
• вкупните резултати и способности на сите вработени во Комората;
• квалитетот на дадените коморски услуги;
• работната продуктивност;
• редуцирањето на грешките во работењето;
• рационализацијата и намалувањето на трошоците во работењето и сл.

Токму тоа помогна во настојувањето Комората да биде и да остане водечка бизнис-институција во државата, која преку професионализмот, аналитичноста и транспарентноста на сопствениот кадар и експертите со кои соработува во градењето на економските информации и анализи, успешно и квалитетно ги одржува релациите со своите членки-компании и со сите партнери како што се државните институции, другите бизнис-асоцијации, медиумите и останатите соработници во земјата и надвор од неа. Со примената на ревизијата на стандардот, Стопанската комора на Македонија стана прва комора и воопшто прва институција во Република Македонија која своите оперативни процеси ги приспособи на барањата на новиот стандард ISO 9001:2015.

Најновите измени се дел од тековната еволуција на овие стандарди, а истите адресираат решавање на клучни прашања како што се: растот на услужни бизниси, широка употреба на стандарди за повеќе системи за управување во рамките на институцијата, интеграција на квалитетот во водењето на бизнисот, како и севкупно олеснување на примената на стандардите. Овој систем кој е потврден од BSI (British Standards Institution), ја покажува подготвеноста на Комората да докаже како се работи во институција каде се применуваат принципите на зрел систем за управување со квалитет и каде се демонстрираат силната обврзаност и заложба на раководството и целиот тим континуирано да го подобрува коморското работење, сега и согласно новата ревизија на стандардот ISO 9001:2015, а во интерес за самата институција, за компаниите и за сите заинтересирани страни.

Политика за квалитет

Сертификат

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права