26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.04.2017


Актуелно  

Одржана осмата информативна сесија во Струмица - ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“


Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа осмата информативна сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законите од областа на даночната  и царинска политика“, во хотел „Тивериопол“ во Струмица, на 20.4.2017 година.

Пред присутните се обрати м-р Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, која истакна дека целта на овие инфо-сесии e  информирање на претставниците од бизнис-заедницата за даночната и царинската регулатива, но и детектирање на клучните прашања што би требало да се изменат или дополнат во соодветните закони или подзаконски акти, со цел нивна ефикасна примена во практиката.

 

Во рамките на Проектот пет клучни сектори: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива и дека оваа инфо сесија претставува исклучителна можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот.

Предавачи на информативниот настан беа господин Славко Лазовски, кој работи во областа на даноците и даночната политика и госпоѓа Ленка Петковска, која работи во областа на даноците и даночната политика при Министерството за финансии на Република Македонија.

Во првиот дел од сесијата, господинот Славко Лазовски имаше свое излагање за даноците, со посебен осврт на прописите поврзани со персоналниот данок, данок на добивка, ДДВ, како и правилно утврдување на даночната основица, одредби за санкционирање и сл.

Вториот предавач Ленка Петковска пред присутните компании го објасни Законот за царинска политика, во делот на увоз и извоз на текстилни и земјоделски производи, при што ги наброја правата и обврските во царинските постапки и потребната документација во царинската постапка, како и правните процедури при вршење на царинскиот надзор. 

Целта на овој информативен настан беше детално информирање на компаниите за законите од областа на даночната  и царинска политика, со цел полесно спроведување на истите, но и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

На настанот присуствуваа повеќе од 35 учесници од повеќе сектори и тоа од: градежништво, текстил, финансии, трговија, земјоделие и производство на мебел .

Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат микро, малите и средните претпријатија, како и можност за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои е предвидено да се спроведува Проектот.

Организирањето на овие информативни сесии е отпочнато со одржувањето на првата информативна сесија во Велес на 22 март 2017 година.

Сите вкупно предвидени 18 информативни сесии ќе бидат организирани до 7 јуни 2017 година во неколку градови во Македонија и тоа во: Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје на три теми:

1. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи  и Законот за безбедност и заштита при работа;
2. Права и обврски кои произлегуваат од законите од областа на даночната  и царинска политика и
3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот.

Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување на подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен Проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Ирена Жарова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права