26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

20.04.2018 - 20.04.2018


Конференција Хотел „Холидеј Ин“ - Скопје (конференциска сала „Милениум 1“),  Македонија

Конференција на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ - Можности и предизвици-


 ПОКАНА
Конференција на тема:
„Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“
 - Можности и предизвици-
20 април 2018 година, (петок) 11:00 часот
Хотел „Холидеј Ин“ - Скопје (конференциска сала „Милениум 1“)

Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Ве покануваат на конференцијата на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“  - Можности и предизвици-.

Проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, ќе биде еден од говорниците на настанот на којшто ќе присуствуваат претставници на странските инвеститори и на македонските компании кои имаат потенцијал да станат нивни локални добавувачи (во прилог: Програма).

Во рамките на настанот ќе се дебатира за можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, со цел да се зацврстат меѓусебните врски, а ќе бидат презентирани и успешни приказни на веќе воспоставената соработка. Политиките и мерките на финансиските институции и странските донаторски организации за поддршка на локалните мали и средни компании и зацврстување на нивните капацитети со цел да станат локални добавувачи исто така ќе бидат тема на дискусија во текот на конференцијата.

Проектот што ќе трае 24 месеци,  e финансиран  од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со Универзитетот за техника од Виена, -  Институт за менаџмент во науката, а е поддржан и од Владата на Република Македонија која посветено ја охрабрува ваквата соработка.

Целта на Проектот е подобрување на работењето на одредени локални компании со цел да се зголемат конкурентноста и капацитетите за подобра соработка со странските инвеститори во земјата, а тие да можат да бидат вклучени во синџирот на добавувачи.

Конференцијата ќе се одржи на 20 април 2018 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје (конференциска сала „Милениум 1“).              

Ве молиме, потврдете го Вашето учество на следнава е-адреса: vlatko@mchamber.mk, најдоцна до 18 април 2018 година.

Во прилог е Агенда за настанот.

 



Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Влатко Стојановски
Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: vlatko@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права