Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.09.2018


Актуелно  

АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ФИНСКА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - БИЗНИС ФОРУМ „DOING BUSINESS WITH FINLAND“


Амбасадорот на Република Финска во Белград, Република Србија, задолжен за Република Македонија, Н.Е. Перти Иконен, во официјална посета на Стопанската комора на Македонија, одржа работен состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески (10 септември 2018 година). На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена меѓу двете земји, при што беше постигната согласност дека е неопходно бизнис секторот да биде главниот носител на економскиот раст.

Стопанската комора на Македонија активно работи во насока на отворање  нови пазари и пренасочување на фокусот преку креирање нови можности за соработка за македонските компании со активна промоција на земјата и нејзините потенцијали и продлабочување на бизнис релациите со земји како што е Република Финска.

Во насока на реализирање на заедничките цели, на 4 октомври 2018 година во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи бизнис форум чиј фокус ќе биде поврзување на македонските и финските компании во делот на информатичката технологија, прехранбениот сектор, металната индустрија и животната средина. На бизнис форумот, покрај можностите за соработка со Република Финска, ќе бидат презентирани и потенцијалите за соработка со останатите нордиски земји.

Оваа посета од страна на фински претставници на бизнис секторот ќе биде во насока на ревитализација на економските врски и зацврстување на можностите кои ќе се постигнат преку интензивирање на соработката меѓу двете земји и поттикнување на заедничките активности меѓу бизнис заедниците  од Република Македонија и Република Финска.

Претседателот на Комората Азески и Амбасадорот на Република Финска задолжен за Македонија, Н.Е. Перти Иконен, констатираа дека во следниот период освен активности во насока на мотивирање на поголема економска соработка,  заеднички ќе бидат иницирани и настани преку кои Финска ќе го пренесе знаењето и искуството и на други полиња од општествениот развој кои директно или индиректно влијаат и на економскиот развој на земјата во целост.

м-р Сања Николова 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права