24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема:Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

27.04.2017 - 27.04.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ


Еднодневен семинар:

ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

27.4.2017 година (четврток)
9:15-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

          Најновите трендови во организационата структура во компаниите е воведувањето на функцијата контролинг и позицијата на контролорот.
          Што ова точно значи за претпријатието и кои бенифиции ги носи зависи од причината за која се воведува контролингот, но исто така важна е и перцепцијата на сопствениците и менаџерите за концептот на контрола.
          Многу често се прави компарација на контролингот со интерната контрола, што по својата суштина, принципите на работа и филозофијата на работа не се поклопуваат.
          Контролингот всушност не е контролирање во права смисла ниту пак контролорот контролира, тоа е само јазичен парадокс. Знаењето за контролингот како процес и искуствата се пренесуваат и потребно е само да се имплементираат во тековното работење. Контролингот за секоја компанија од приватен или јавен карактер е апсолутно нужна потреба, а не алтернатива.

Целта на семинарот:

На семинарот најпрво учесниците ќе се запознаат со:
- Важноста на контролингот;
- Корист од контролингот;
- Контролинг во продажбата и маркетингот:
  o Како со алатките на контролинг да се помогне во зголемување на продажбата;
  o Како контролингот може позитивно да влијае на позитивните резултати во компанијата;
  o Следење на купувачите како битен елемент на контролингот;
  o Анализа на ризикот како неодвоен дел од контролингот.

За кого е наменет семинарот:
Семинарот е наменет за сите оние кои се вклучени во процесите на управување со продажба, набавка, финансии во компаниите / институциите, т.е. менаџерите за продажба, менаџерите за набавка, финансии и самите управители, односно директори на компанијата / институцијата.

Програма на семинарот:

- Поимот контролинг;
- Врска помеѓу контролингот и ISO 9001:2015;
- Основи на контролниг во продажбата:
  o Стратешко одредување на продажните цели:
    - Balanced Scorecard – BSC;
    - Анализа на конкуренцијата;
    - План на продажни активности;
    - Евалуација на прашалниците од купувачите;
    - Анализа на ризикот и кој е бенефитот од продажбата;
    - Анализа на задоволството на купувачите;
    - Анализа на продажбата од аспект на контролинг – анализа на продажба по производи, по група на производи, рентабилност/коефициент на обртни средства, следење на наплатата;
    - Управување со клучните клиенти;
    - Управување со купувачите врз основа на односот – разлика во цена/побарувачка;
  o Контролинг во маркетингот – основно:
    - Како да имплементирате контролинг во маркетингот;
    - Планирање на маркетинг активностите;
    - Трошоци – предуслов за успешен маркетинг;
    - Како да ги поставите и да ги мерите своите маркетинг цели;
    - Развој на нови производи како дел од стратегијата за раст – како вложуваме и дали се мерат инвестициите.

Предавач:
         - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
          Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 21.4.2017 година.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права