25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

15.10.2018 - 15.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

Еднодневен семинар: Права на работниците од работен однос, право на плата, разлики помеѓу додатоци и надоместоци од плата, право на годишен одмор,надомест на материјална и нематеријална штета


 

Еднодневен семинар:

Права на работниците од работен однос, право на плата, разлики помеѓу додатоци и надоместоци од плата, право на годишен одмор, надомест на материјална и нематеријална штета, разлики во постапката помеѓу отказ на договор за вработување на работник и работничка за време на бременост, раѓање и родителство (чл. 101 од ЗРО), постапување на инспекторот за труд во случаи на повреда на правата на работниците од работен однос

15.10.2018 година (понеделник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 15 октомври 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „Права на работниците од работен однос, право на плата, разлики помеѓу додатоци и надоместоци од плата, право на годишен одмор, надомест на материјална и нематеријална штета , разлики во постапката помеѓу отказ на договор за вработување на работник и работничка за време на бременост (чл.101 од ЗРО), постапување на инспекторот за труд во случаи на повреда на правата на работниците од работен однос“. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА:

1. Права на работниците кои произлегуваат од работниот однос:
- Право на плата;
- Разлики помеѓу додатоци и надоместоци од плата; 
- Право на годишен одмор.

2. Надомест на штета на работник и работодавач:
- Обврска за надомест на штета причинета од страна на работникот;
- Обврска за надомест на штета причинета од страна на работодавачот;
- Разлики во постапката за надомест на материјална и нематеријална штета;
- Сличности и разлики помеѓу надомест на материјална штета во текот на 
  работењето и надомест на штета (исплата на плати) поради незаконит 
  престанок на работен однос.

3. Отказ на договор за вработување:
- Постапка за отказ на договор за вработување на неопределено време;
- Разлики во постапката за отказ на договор за вработување на неопределено време на бремена работничка, или раѓање и родителство (чл.101 од ЗРО).

4. Овластувања на инспекторот за труд во случаи на повреда на правата на 
    работниците:

- Постапување на овластениот инспектор за труд при пријава на несреќен случај 
  кај работодавачот;
- Постапување на овластениот инспектор за труд во случај на пријава на кршење 
  на правата на работникот од работен однос.

Предавачи:
- д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје;                                
- м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II - Скопје и
- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при 
  Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 10.10.2018 година


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права