29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

OHSAS 18001

OHSAS 18001

Што е  OHSAS  18001?

Во услови на  вртоглавите пазарни промени, настанати пред се  поради брзиот развој на новите технологии,  know how  организацијата  претставува највреден ресурс ( по истражување  спроведено од  страна  на Forbs магазинот, 85 % од вредноста на компанијата BMW не ја сочинува опремата и зградите, туку нивниот бренд и know how ). Како клучен елемент  на секој know how, луѓето се денес  највредниот ресурс на компаниите. Заштитата  на овој највреден ресурс  е императив за секоја компанија , а посебно неговата  заштита од аспект на здравјето и безбедноста на  работното место.

Динамиката на работењето бара проактивен пристап кон заштитата на здравјето и безбедноста на вработените за време на работата, кој ќе ги идентификува евентуалните ризици, ќе ги отклони истите или со превентивното делување, ќе ја  намали веројатноста за нивната појава на прифатливо ниво. Бизнис глобализацијата  носи потреба од креирање  рамка  за формирање  на  систем за заштита, кој со верификација од страна на  овластени сертификациони тела, ќе биде меѓународно прифатлив, односно ќе  прати порака  на вработените, клиентите и бизнис партнерите од други поднебја, дека во компанијата се управува со ризиците по здравје и безбедност на вработените на ефикасен и меѓународно верификуван начин.

Токму со прашањата  за ова ефективно и ефикасно управување со ризиците по здравје и безбедност на вработените, се бави стандардот  OHSAS 18001.
OHSAS 18001:2007 е систем за управување со  безбедноста и здравјето при работа. Помага во управувањето со ризиците кои имаат влијание врз здравјето и безбедноста на вработените и посетителите. Овој стандард ја  дефинира организационата  структура, планирањето на активности,  одговорностите, практиките, процедурите и ресурсите за развој, спроведувањето, остварувањето, разгледувањето и одржувањето на политиката на заштита на здравјето и безбедноста при работа.

Значење на OHSAS 18001

Со имплементацијата на овој стандард, компанијата се здобива  со доверба  на заинтересираните страни,  уверувајќи ги дека раководството   ги исполнува  барањата на политиката на безбедност и здравје при работа,  го става  акцентот на превентивното, а не на корективното делување, обезбедувајќи при тоа  докази кои се однесуваат на OHSAS низ целата организација,  а не само на процесите за кои постојат  законски обврски  или пак се зони на големи ризици. Посебно е важно уверувањето дека   концептот на OHSAS вклучува процес на континуирано подобрување.

OHSAS 18001 обезбедува заштита на вработените, овозможува систематски пристап кон идентификацијата на опасностите и преку управувањето  со ризиците придонесува за поздрава и посигурна работна средина, ги намалува несреќите и здравствените проблеми на работа, како и загубите предизвикани од болести и повреди на вработените. Овака транспарентен  и ефикасен систем за управување со  безбедноста и здравјето при работа, ја помага комуникацијата и соработката  со релевантни инспекции.

На  секое  работно место постојат одредени опасности по здравјето и безбедноста  на вработените.  Затоа е потребно систематски да се  следат и да се елиминираат сите потенцијални опасности.  Покрај тоа, надоместокот  во случај на повреди или болести предизвикани од несаканите  условите за/на работа,  се  големи и можат  финансиски  да ја оптеретат  компанијата.

Бенефит од воведен OHSAS 18001

Придобивките од имплементацијата  на OHSAS 18001  се:
      •  ги  минимизира или целосно елиминира повредите на  работното место
      •     обезбедува заштита од повреди на  вработените и посетителите
      •     придонесува  за  подготвеноста  на компаниите  навремено  да ја отстранат заканата
       •    ги ускладува  работните процеси на компанијата со  законот
       •    ја подобрува целокупната слика за компанијата
       •    овозможува привлекување на странски инвеститори
       •    дава предност на локалните и меѓународните пазари
       •    ги  намалува  трошоците  на компанијата
       •    ги убедува  корисниците / клиентите  за посветеноста  во  управување со
            здравјето и  безбедноста, која  може да се докаже

Воведување/имплементација  на OHSAS 18001

Основа на овој систем е безбедноста на вработените на работното место,  која  се постигнува преку следниве чекори:
           • утврдување на ризикот во согласност со законските прописи
           • поставување на цели
           • обука на вработените за опасностите  на работни те места
           • планирање, развивање и спроведување на системот за заштита  на здравјето на
             вработените
           • контрола на системот
           • периодичен преглед на системот
           • сертификација

Имплементацијата  и сертификацијата  на OHSAS 18001, ја  штити компанијата  од несакани трошоци, овозможува подобри договори со осигурителните компании, подобрување на односите со владата, ја  зголемува  продуктивноста на работниците преку  намалување на несреќите, а со самото тоа и  должината на боледувањето. За време на сертификацијата, посебно внимание се посветува на определувањето на степенот на опасност на работното место и  воспоставувањето  заштитни мерки со цел негово  намалување или елиминирање. За успешно функционирање на OHSAS 18001, а на тој начин и на  сертификацијата,  многу е  важна информираноста на  вработените за опасностите, нивното познавање за  заштитните  мерки и давањето прва помош. Компаниите  кои размислуваат однапред,  гледаат  подалеку од усогласувањето со  законската регулатива и завземаат  проактивен пристап во  идентификувањето, проценката, контролата и намалување на ризиците.



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права