28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

01.02.2018 - 02.02.2018


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007


Акредитирана дводневна  тренинг-обука:

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ  (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ
ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

1-2 февруари 2018 година
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

  

        Стопанската комора на Македонија на 1-2 февруари 2018 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“.

        На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…).

Цел на обуката:

        Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот.  Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата.

Целна група:

        Сите заинтересирани кои сакаат самостојно или во рамките на одредена компанија да се обучат и да стекнат вештини и знаења за проверка на системот на квалитет, заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа во согласност со меѓународно признати стандарди, како и учесници кои на каков било начин се вклучени во активности кои се дел од менаџментот за квалитет.


ПРОГРАМА

Прв ден (1 февруари 2018 година, четврток) 

КОНЦЕПТ IP (интерна проверка)

● Концепт на интерни проверки
  - Толкување на барањата на стандардите ISO 9001:2015, ISO     14001:2015, OHSAS 18000:2007;
  - Структура на стандардите и на документацијата;
  - Барања за документацијата, организациски подесувања и барања во врска со реализацијата на процесот;
  - Разбирање на улогата и целта на интерните проверки;
  - Барања на системот поврзани со процесот на континуирано унапредување.

КОНЦЕПТ IP (интерна проверка) I
Процес на проверка
  - Општи принципи на процесот на проверка;
  - Планирање интерни проверки и погодни интервали за нивно спроведување.

  Вежба: План на интерни проверки.

Барања за проверувачите
  - Барања по стандардот ISO 19011;
  - Карактеристики на проверувачот (стручни компетенции и профил на личност);
  - Техники на проверка.

Подготовка за интерна проверка
  - Надлежност на тимот;
  - Програма за интерна проверка.

  Вежба: Програма за интерна проверка.

Втор ден (2 февруари 2018година, петок) 

КОНЦЕПТ IP (интерна проверка) II

Состаноци и интервјуа:
  - Одговорности на проверувачот;
  - Воведен состанок.

Развој на чек-листи за проверка
  - Што се проверува?
  - Општи и посебни чек-листи.
  Вежба: Чек-листа.

Неусогласеност и забелешки
  - Ефективен начин на запишување на забелешките во текот на процесот     на проверката.
  Вежба: Неусогласеност/запазување.

● Проверка на лице место
  - Собирање докази;
  - Правила на комуникација;
  - Правила за бележење на заклучоците од проверката;
  - Тактики на субјектот на ревизија.
  Вежба: Симулација на интерна проверка.

Запишување на заклучоците од проверката и известување
  - Утврдување на заклучоците од проверката;
  - Содржина на извештајот;
  - Финален состанок.
  Вежба: Известување за наодите од проверката.

Превентивни и корективни мерки
  - Дефинирање на причинителите;
  - Разлика меѓу корективни и превентивни мерки;
  - Надзор над спроведувањето и проверка над корективните мерки.

Преиспитување од страна на раководството
  - Врската помеѓу наодите од проверката и преиспитување од страна на     раководството.

Тест интерна проверка – Процес на спроведување на интерна проверка.

Предавач: 
- Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Поседува петнаесетгодишно искуство со кое се стекнал на работното место директор на логистика во различни области („Застава“ – Сомбор - автомобилска индустрија, GENEL - бренд HOUSEL и застапник за бела техника од брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“ за Србија, STAV- овластен дистрибутер на „Samsung“ за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока  од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна гора – „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“. Организирал послепродажна поддршка за брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“ во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година бил ангажиран од страна на UNIDO  како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC-гасови. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting“ ДОО - Нови Сад, од 2010 година раководел со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, БиХ. Лиценциран тренер за систем менаџмент од страна PECB.

Траење на обуката и начин на работа:
- Работен јазик на обуката е српски.
- Можност за стекнување на сертификат за учество или сертификат со положен PCB-тест.
- Обуката трае два дена од 9:00 – 15:00 часот.
- PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на   учесниците за конверзација и поставување прашања.
 
   Сите заинтересирани за учество на тренинг-обуката можат да се пријават најдоцна до 29 јануари 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права