11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

29.11.2018 - 30.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


Дводневна обука на тема:

Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ –
СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29-30.11.2018 година (четврток и петок)
9:00 - 14:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Технологијата се` повеќе се инволвира и во менаџирањето на човечките ресурси во организациите. Трансформацијата на менаџментот на човечки ресурси преку технологијата е познат како е-менаџмент на човечки ресурси (Е-МЧР). Терминот Е-МЧР ја опишува трансформацијата на обезбедувањето на човечките ресурси со користење на т.н. веб-базирана технологија. Токму поради овие современи промени, професионалците во делот на човечки ресурси треба да ги применуваат не само традиционалните, туку и современите методи во обезбедувањето на човечките ресурси.
Обуката, Е-менаџмент на човечки ресурси – современи методи за обезбедување на човечки ресурси, ќе ви овозможи да се запознаете со современите трендови во обезбедувањето на човечките ресурси преку интернет технологијата и можностите за нивна имплементација во секојдневното извршување на МЧР функциите во вашата организација. Преку обуката ќе стекнете знаења и ќе развиете вештини за примена на методите за е-регрутација и е-селекција на човечки ресурси, а воедно ќе ги воочите и предностите и недостатоците од примената на истите. Во контекст на вработувањето, ќе се даде фокус и на процесот на работно воведување на нововработените во организацијата, конкретно на процесот на нивна социјализација и ориентација. На овој начин се врши осовременување на традиционалните пристапи на организацијата во областа на МЧР и нивно иновирање кое всушност ќе ја придвижи организацијата кон актуелните промени во дигиталната ера во која живееме и работиме денес.

Целна група

Обуката е наменета за оние кои се вклучени во реализирање на функциите на МЧР: менаџери на организации (јавни и приватни), професионалци од областа на човечките ресурси, вработени кои се одговорни за спроведување на процесот на регрутација и селекција на човечките ресурси во организациите и др.

ПРОГРАМА
Е-менаџмент на човечки ресурси:
• Трансформација на менаџментот на човечки ресурси преку технологијата;
• Обезбедување човечки ресурси.

Регрутација на човечки ресурси (традиционални наспроти современи пристапи):

• Традиционални наспроти современи пристапи во регрутирањето на човечките ресурси;
• Е-регрутирање на човечки ресурси;
• Извори за е-регрутирање на човечки ресурси;
• Предности и недостатоци на изворите за е-регрутирање човечки ресурси.

Селекција на човечки ресурси (традиционални наспроти современи пристапи):

• Селекција на човечки ресурси – анализа на традиционалните пристапи;
• Е-селекција на човечки ресурси;
• Методи за е-селекција на човечки ресурси.

Работно воведување:
• Социјализација и ориентација на нововработените во организацијата.

Евалвација на обуката - усна и писмена.

Предавач:
- виш пред. д-р Даниела Карадаков, предавач во наставната област Менаџмент на човечки ресурси и директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“ (БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Обучувачот својата експертиза ја развива и ја споделува во областа на менаџмент на човечки ресурси, менаџмент во образование, личен менаџмент, организациско комуницирање, интерперсонални деловни вештини, организациско учење и сл. Таа истовремено е и обучувач и консултант во „ДЕТРА“ Центар - Скопје, каде извршува обучувачки и консултантски услуги во наведените области. Научните достигнувања ги гради и како доцент, односно како научен соработник во БАС Институтот за менаџмент во Битола. Посветена е на научни истражувања во областа чии резултати ги објавува на научни и стручни собири, како и во научни списанија со импакт фактор. Моментален интерес на проучување и` е дигитализацијата на менаџментот на човечки ресурси, што е главен фокус и на оваа обука.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 23.11.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права