11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

18.09.2018 - 18.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-


Еднодневен семинар:

ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN
-профит, договор и лојални клиенти-

18.09.2018 година (вторник)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Преговарањето е процес од кој зависи успехот на целиот бизнис. Со добриот договор се отвора или затвора просторот за работа на компанијата. Затоа способноста,  да се постигне поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата. 
          Денес е многу тешко да се најдат луѓе кои имаат развиени силни преговарачки вештини. Способноста во исто време, да се гради релација на доверба и да се преговара внимавајќи на своите интереси и цели е редок квалитет кај луѓето. Тие или премногу се фокусираат на релацијата или премногу се фокусирани да победат и да извлечат повеќе за себе, занемарувајќи го односот и не градејќи релација за долгорочна соработка.
          Посебно предизвикувачки за преговарање е амбиентот во просторот во кој функцонираат македонските компании. Тука традиционално се преговара со win-lose пристап. Тоа предизвикува состојба на постојано надитрување и лоши релации.
Токму колаборативното преговање кое се карактеризира за win-win пристап е можност да се постигне договор, профит и да се стекнат лојални клиенти. Тоа се карактеризира со вештини кои овозможуваат противникот да стане партнер кој на долг рок ќе сака да прави бизнис со нас и нашата компанија.
За таа цел Стопанската комора на Македoнија на 18.9.2018 година организира еднодневен семинар на тема: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ - WIN-WIN - профит, договор и лојални клиенти.


СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

• Фази на преговорите;
• Важноста на комуникациските вештини при преговарањето;
• Улогата на говорот на телото и микро експресиите при преговарањето;
• Содржина на пред фазата во преговарањето;
• Дефинирање на БАТНА-та;
• Прва фаза на воспоставување на контакт и почеток на градење на доверба;
• Процес на создавање на доверба;
• Фаза на декларирање на потребите;
• Тактики за преговарање;
• Развивање на контра тактика за секоја тактика;
• Динамика на преговарање;
• Енергија на преговарање;
• Win-Win пристап во преговори;
• 5-те пречки за win-win преговори;
• 5-те чекори за колаборативно win-win преговарање;
• Фаза на затворање на преговори;
• Фаза на подготовка на договор.


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

• За организации каде преговарањето е присутно во работењето и каде се освестуваат слабости во реализацијата на преговарањето;
• За организации кои сакаат да ги усовршат своите преговарачки вештини;
• За раководители од различни нивоа кои се вклучени во преговарачки процеси;
• За вработени кои во своето работење имаат преговарање со клиенти и деловно партнери.

Предавач:
-Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
Тој е основач и претседател на Институтот СИМБИОТИКА. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации - Jönköping од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки. Во 2010 година од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED доби награда за најдобра обука во конкуренција на обуки од реномирани обучувачи и експерти од земјава и странство.
Тој со страст на обработува темата деловно преговарање. Свесен дека преговарање е клучно за успехот на секој бизнис, во обработката на темата ги вградува сите свои вештини и знаења од областа на менаџирањето на конфликти, комуникациски вештини, ораторство, асертивна комуникација, емоционална интелигенција и со тоа прави оригинална обука која ги открива сите психолошки и комуникациски аспекти на преговарачкиот процес. Неговата непосередност и практичност ќе направи учесниците за многу кратко време го подобрат својот преговарачки учинок. Тие ќе почнат да уживаат во секое преговарање, доживвувајќи го како уникатно и оригинално. Ќе научат да го менуваат стилот согласно преговарачот и најважно ќе тежнеат кон победа-победа пристапот кој креира долгорочни соработки и лојални клиенти.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 12 септември 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права