19.04.2018 (Конференција)
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ - АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ-

20.04.2018 (Семинар)
Подобрување на репутацијата и имиџот на компанијата преку брзо и ефикасно решавање на жалби, поплаки и неусогласен производ, системски решенија, вештини и решавање на конфликтни ситуации интерно во компанијата и према купувачите

20.04.2018 (Конференција)
Конференција на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ - Можности и предизвици-

23.04.2018 (Работилница)
ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Информации од јавен карактер

Достап до информации од јавен карактер

Листа на информации на Стопанската комора на Македонија

Адреса: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје, Република Македонија

Тел
: + 389 2 3 244 000;  + 389 2 3 244 088;

Факс: + 389 2 3 244 055

Интернет страница: www.mchamber.mk

Електронска пошта: ic@mchamber.mk

 

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:

Стево Серафимов -  тел.: + 389 2 3 244 032 и 072/ 236 484;
Електронска пошта: stevo@mchamber.mk

Лице за комуникација со граѓани, кои што имаат  одреден вид и степен на попреченост:

Стево Серафимов -  тел.: + 389 2 3 244 032 и 072/ 236 484;
Електронска пошта: stevo@mchamber.mk


ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР:

Претседател на Стопанската комора на Македонија
• Бранко Азески – тел.  + 389 2 3 244 022

Извршен директор:
• Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска - тел.  + 389 2 3 244 031

Оперативен директор:
• М-р Елена Милевска Штрбевска – тел.: + 389 2 3 244 023

Дирекција на здруженија и регионални комори:
• Билјана Пеева Ѓуриќ, директор – тел.: + 389 2 3 244 034

Дирекција на други форми на организирање и работење при Комората:
• М-р Анета Трајковска, директор – тел.: + 389 2 3 244 041

 

Надлежност:

• застапување на заедничките интереси на членовите на Комората, подобрување на ефикасноста на работата и работењето на членовите и нивната организираност;
• искажување на интересите на членовите на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдувањето на макроекономската и развојната политика, како и давање иницијативи за подготовки на законски и други прописи од областа на стопанството;
• обезбедување деловно-стручни услуги за потребите на членовите;
• давање стручни совети, информации и помош заради подобрување на резултатите на работењето на членовите на Комората, поттикнување на слободната бизнис-иницијатива, соработка и конкурентност;
• давање стручна помош на членовите на Комората во развојот на одделни дејности, усвојувањето на современи технологии и методи на работењето, поттикнување на истражувањата и развојот на техничко-технолошките достигнувања, унапредувањето на квалитетот и стандардите во производството и услугите сл.;
• делување на Комората, односно на облиците на организирање и работење во нејзините рамки како задолжително, неутрално место и форум за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес за стопанството;
• унапредување и промовирање на бизнис-климата во земјата на локално, регионално, национално и интернационално ниво;
• соработка со Владата, соодветните министерства и другите институции за сите прашања од интерес на стопанството или за одделни членови на Комората;
• усвојување и предлагање на усогласени мислења и ставови на членовите на Комората во врска со подобрувањето на условите за работење на стопанството;
• учество во утврдувањето на јавното мислење и политика за економските и системските прашања на локално, регионално и национално ниво;
• учество во меѓународните стопански институции, стопански комори и други асоцијации, во конципирањето и презентирањето на заедничките ставови по прашањата од меѓународен карактер, посебно економските прашања во рамките на Европската унија;
• поттикнување и  развој на стопанската соработка со странство, со посебна насоченост кон промоцијата на стоките и услугите, економската пропаганда, организирањето саеми и изложби, стопански делегации, учество во равивањето на надворешно-трговските работи и сл.;
• застапување на интересите на членките на Комората преку учество на претставници на Комората во комисии, совети, работни групи и други работни тела на локално, регионално, национално и меѓународно ниво;
• застапување на интересите на членовите на Комората по прашања од економско-социјален карактер;
• организирање и поттикнување соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување - обуки, семинари, работилници и други начини на едукација;
• утврдување и негување на добрите деловни обичаи, развивање на деловниот морал и утврдување правила на деловното однесување на членовите на Комората во меѓусебните односи и во односите кон трети лица и на пазарот;
• давање стручна помош преку Арбитражата или преку други алтернативни начини за решавање на меѓусебните спорови меѓу членовите на Комората и на споровите со трети лица; 
• поддршка и давање препораки за членовите на Комората при воспоставувањето бизниси, особено со странство;
• вршење други работи од интерес за членовите на Комората согласно Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија.

Прописи и акти:

• Закон за стопанските комори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/2011)
• Статут на Стопанската комора на Македонија
• Правила за организацијата и работењето на здруженијата и на регионалните комори во рамките на Стопанската комора на Македонија
• Правилник на Постојаниот избран суд –Арбитража при Стопанската комора на Македонија и Правила за трошоците во постапката пред Арбитражата


Годишни извештаи и програмски насоки на Стопанската комора на Македонија

Соопштенија:

• Соопштенија од активностите на облиците на организирање и работење и на другите форми на организирање во рамките на Стопанската комора на Македонија
• Соопштенија за бизнис форуми, саеми и други настани организирани од Комората во земјата и странство

Информации:

• SME Excellent Македонија – сертификат за деловно работење
• Сертификати за потекло
• Мислења и препораки
• АТА карнет
• Арбитража
• Центар за покровители
• Центар за едукација
• Центар за квалитет
• Европска мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network)
• Проекти

Акти за членарина и надоместоци за услуги:

• Одлука за утврдување на основицата за пресметување и стапката на придонесот (членарината) за Стопанската комора на Македонија
• Тарифник за висина на надоместокот за услугите на Стопанскта комора на Македонија

Публикации:

• Бизнис Инфо
• Бизнис Огласник

Образец:
• Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер-pdf формат
• Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер-word формат



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: ++ 389 2 3244032 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: stevo@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права