29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

31.05.2017 - 31.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -


Еднодневен семинар:

MUSIC & MANAGEMENT
- Live Piano performance -

31 мај 2017 година (среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 5-ти кат

 

          Стопанската комора на Македонија, согледувајќи ја потребата од континуирано развивање на вештини за тековното работење на менаџерите, во насока на зголемување на нивната ефикасност и продуктивност, на 31 мај 2017 година, организира еднодневна интерактивна обука на тема: „Music & Management – Live piano performance“.
          Следејќи ги светските трендови и позитивните искуства од организираните настани во Дубаи (ОАЕ), Германија, Словачка и Романија, ексклузивно Комората ќе биде домаќин на настанот кој ќе Ви овозможи на обуката да ги унапредите Вашите вештини, пропратени со различни стилови на музика која ќе Ви помогне да го дефинирате Вашиот менаџмент стил. Преку презентација на реални примери од секојдневното работење ќе се овозможи унапредување на комуникацијата помеѓу менаџерите и тимовите.

Цел на семинарот:
- Подобрување на комуникацијата во насока на определување на очекувањата за себе и за потребните менаџмент вештини;
- Приспособување на Вашиот лидерски стил за исполнување на потребите на тимот;
- Комуницирање на организациските цели кои носат резултати;
- Спроведување на стратегии за зголемување на продуктивност и мотивација кај вработените;
- Користење ефикасни техники за обука на Вашиот тим.

Семинарот е наменет за:
• I и II ниво на менаџментот во компанијата;
• тим-лидери, претпоставени, супервизори, раководители на сектори и сите останати вработени кои сакаат да се стеткнат со дополнителни вештини за управувањето.
 
ПРОГРАМА
• Идентификување на особините и способностите потребни за ефективно управување;
• Разбирање на Вашата улога и одговорности како менаџер;
• Научете како да преминете од индивидуален соработник кон менаџер;
• Ефикасно работење во повеќегенерациски тим;
• Поврзување на клучните бизнис принципи: доверба, почитување и извршување;
• Вештини за унапредување на начинот на размислување на лидерите.

Предавач:
- Михаил Китановски, сопственик и управител на „Д2ЕМ“ Консалтинг со повеќе од 15 години консултантско искуство во 14 земји во светот. Главна експертиза во областите: Организациски инженеринг; Balanced Scorecard; Системски дел и процес на продажба; Лидерство и управување; Оптимизација на производствени процеси; Стратешки менаџмент и Бизнис планирање; Менаџмент на финансии, како и Имплементација на меѓународни стандарди. 
Во своите меѓународни активности вбројува над 20 држави меѓу кои и: Непал, Сингапур, Дубаи (ОАЕ), Германија, Франција, Италија и др.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- закуска и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 30 мај 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права