19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

22.01.2019 - 22.01.2019


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?


Еднодневен семинар на тема:

МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 година (петок)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


         Дигиталниот маркетинг е од клучно значење за успехот на сите бизниси. Потребата да се биде присутен на дигиталниот пазар секојдневно се зголемува и се` повеќе компании се одлучуваат да ги оптимизираат трошоците преку насочување на своите „офлајн“ маркетинг активности, кон „онлајн“.

         Секој бизнис има различни потреби и можности за остварување на својот потенцијал на пазарот. Она што е добро за дигиталниот маркетинг е што сите податоци се мерливи и реално го прикажуваат успехот или неуспехот на активностите. Затоа, од особено значење е сите компании кои сакаат да бидат во чекор или пред конкуренцијата, да бидат активни во дигиталниот свет.

         Во време кога голем дел од популацијата во светот поминува барем по еден час дневно на својот мобилен телефон, компаниите сфаќаат дека дигиталниот маркетинг е многу голем фактор за успех на бизнисот.

          Употребата на одредени стратегии и алатки за соодветна маркетинг комуникација во светот е клучна за успех. За таа цел, во Стопанската комора на Македонија, на 25 јануари 2019 година, ќе се одржи семинар на тема „Дигитални маркетинг трендови и алатки за 2019 година - како да бидете во чекор со светскиот напредок?“. Овој  семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите да ја одберат и ќе ја реализираат соодветната дигитална маркетинг стратегија за 2019 година и кои алатки да ги користат за да постигнат зголемена продажба и свесност за својот бренд.
 
Цел на семинарот: 

          Семинарот ќе ги опфати најуспешните трендови од 2018 година и ќе ги спореди со новите трендови кои доаѓаат во 2019 година. Дополнително, учесниците ќе се запознаат со алатки кои можат да ги користат во реализација на дигиталните маркетинг стратегии и да ги мерат резултатите од истите.


Целна група:

          Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во сите компании, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да разберат како да ги промовираат своите производи и услуги со помош на дигитални маркетинг алатки.

ПРОГРАМА


ПРВ ДЕЛ:
- Дигитални маркетинг трендови кои ја одбележаа 2018 година и нивното   влијание на бизнисите:
  • Социјални медиуми;
  • Content - содржина;
  • E-маркетинг;
  • PPC – платени медиуми;
  • Анализа и извештаи;
  • Најдобри примери од 2018 година.

ВТОР ДЕЛ:
- Дигитални маркетинг трендови за 2019 година:
  • Како трендовите ќе се разликуваат од минатата година;
  • Дигитална трансформација во 2019 година;
  • AR vs. VR;
  • Улогата на AI во дигитален маркетинг.

ТРЕТ ДЕЛ:
- Алатки кои треба да ги користите во 2019 година:
  • Претставување на секоја алатка, со пример каде може да се користи.

ЧЕТВРТ ДЕЛ:
- Прашања и совети од предавачот.


Предавач:
-Теодора Николовска,
сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг, маркетинг консултант и тренер. Николовска има седумгодишно работно искуство во областа на маркетингот, од кои веќе две години работи со клиенти од светот. Таа е директор на „Startup Grind“ за Скопје (иницијатива поддржана од Google for Startups). Како консултант, главни области кои ги опфаќа се дигитален маркетинг, маркетинг стратегија, координација на маркетинг процеси и продажба, организациска структура, претприемништво и лидерство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Последен рок за пријавување: 22.02.2019 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права