24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.04.2017


Актуелно  

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ОДРЖАА ТРЕТА ПО РЕД РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-РЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ


Согласно договореното на претходниот состанокот на тема: Регулативата за индустриските емисии, во рамките на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија денес се одржа трета по ред работна средба на којашто  се разгледуваа предлозите и сугестиите доставени од страна на претставниците на индустријата и на другите засегнати страни по оваа значајна регулатива.

 

Состанокот е одржан во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на Твининг-проектот којшто го спроведува Министерството со цел зајакнување на капацитети на централно и на локално ниво за спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија, преку подготовка на  примарна и секундарна законска регулатива  за индустриските емисии.

На состанокот покрај  претставници на индустријата на основни метали и на други индустриски капацитети засегнати со предметната проблематика, учествуваа и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, постојаниот советник во Твининг-проектот „Конрад Клеменс“, претставник на бугарското Министерство за екологија, како и претставници на невладини организации од областа на животната средина.

Презентацијата којашто ја даде ескпертот за животна средина од Р. Бугарија, Бојкло Малинов ги содржеше и одговорите на дел од отворените прашања, како и коментарите коишто претставниците на индустријата ги дадоа во изминатите две недели по однос на понудените законски решенија за контрола на индустриските емисии.

Повторно беа актуелизирани и беше побаран одговор на дел од прашањата поврзани со најдобрите достапни технологии, усогласеноста на Законот со Националниот план за емисии, еднаквиот однос на законските решенија во однос на сите индустриски инсталации што не е актуелна пракса, а едно од суштестевните прашања се однесува на транзициониот период. Имено, новиот Закон за индустриски емисии треба да се донесе во 2018 година, а да се применува после 2 години од донесувањето. Транзиционен период во ЕУ за имплементација на новата Директива е 4 години. Со оглед на фактот дека голем дел од индустријата Интегрираните еколошки дозволи ги има добиено во 2014 година, односно 2015 година, како и на актуелната економска состојба во стопанството во РМ, беше укажано на кусиот транзиционен период со јасно барање, односно роковите за приспособување кон барањата од новата регулатива да бидат поголеми од 4 години, бидејќи РМ не е земја-членка на ЕУ.

Имајќи го предвид значењето на регулативата, чијашто примена бара значителни инвестициони вложувања, претставниците на индустријата ќе го следат Законот за индустриски емсии во сите фази од неговото донесување, давајќи свои предлози и сугестии за негова практична примена во реалниот сектор.

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права