26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.07.2017


Актуелно  

БАЛКАНОТ СОЗДАВА ЦВРСТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА - КОМОРИТЕ ОД РЕГИОНОТ ВО ТРСТ ОТВОРИЈА КАНЦЕЛАРИЈА НА ПОСТОЈНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ НА КИФ


Во рамки на денешното одржување на 4-тиот Самит на Западен Балкан во Трст, на кој владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ги дефинираат стратегиите и програмите во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот, коморите го заокружуваат своето делување со отворање на канцеларијата на Постојниот секретаријат на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на Западен Балкан, во кој покрај Стопанската комора на Македонија, основачи се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Регионалната економска интеграција во Западен Балкан ќе му помогне на приватниот сектор во искористување на пристапот до економиите со обем од 18 милиони жители и насочување на моделот на раст кон надградба на човечкиот капитал, инвестиции во инфраструктурата и дигитализација на нејзините економии. Иако процесот на пристапување во ЕУ помогна во поголема хармонизација меѓу економиите преку усогласување на нивните правни и институционални системи со оние во ЕУ, а со ЦЕФТА договорот се овозможи тарифите и квотите за трговија со индустриски и земјоделски производи да бидат елиминирани и со тоа да се постигне напредок во олеснувањето на трговијата, сега концентрацијата е насочена во иницијативи за отстранување на пречките за мобилност на висококвалификувана работна сила, како и спроведување на агендата за поврзување (Connectivity Agenda), преку интегрирање на транспортните и енергетските системи во регионот и во ЕУ.

Самитот во Трст резултира со развој на регионална економска област, како што е предвидено преку повеќегодишен акционен план да се спроведуваат низа интервенции и активности во четири компоненти: трговија, инвестиции, мобилност и дигитална агенда. Главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан ќе биде канцеларијата на постојниот секретаријат на КИФ во Трст.

На отворањето на канцеларијата, покрај претставниците од коморите и деловната заедница од регионот и од Италија, присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Венеција Џулија г-дин Антонио Паолети, г-ѓа Дебора Серачиани, претседател на регионот Фриули Венеција Џулија, како и  проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

На свеченоста по повод отвoрањето на канцеларијата беа организирани панел дискусии, во рамки на кои беше констатирано дека Коморскиот Инвестициски форум преку својот постојан секретаријат ќе ги насочи своите активности кон:

1. Застапување за создавање на ефективни институционални и политички структури на највисоко ниво од страна на владите на ЗБ за поддршка и овозможување на имплементација на регионалната економска област кои треба да воспостават рамка за соработка со деловната заедница за подобрување на јавно приватниот дијалог како алатка за успешно спроведување на сите мерки насочени кон подобра регионална соработка, што ќе биде претставено преку КИФ како единствено регионално тело кое ја претставува целата деловна заедница во регионот.
2. Застапување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапни на веб-страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури (исто така овозможувајќи целосна кумулација на потекло и враќање на давачките) и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и др., на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации, документација за одреден тип на производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајнирање и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите (проценка е дека оптимално време камионот да ја поминува границата треба да биде 7,5 минути). Проверката на документацијата и стоката треба да биде на првата граница на регионалната економска област на ЗБ, како што работи во ЕУ. Неопходно е елиминирање на сите нетарифни бариери во целиот регион како и либерализација на трговијата со услуги, особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот (на пример, дозволи за патниот транспорт), туризмот; либерализација на електронската трговија, либерализација во преку граничен пренос на податоци итн.
3. Застапување на слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд  до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот (високи стапки на невработеност во ЗБ со тоа што најниската е 15% во Србија и Албанија, а највисоката е 32.5% во Косово) и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот (сите земји во регионот имаат ниска стапка на задржување на талентите во земјата) и би отворило повеќе можности во регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи  склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот.
4.  Повик за заедничка стратегија за дигитална трансформација која ќе придонесе за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот и ќе доведе до обемни промени во традиционалните индустрии (автомобилска индустрија, електронска индустрија).
5. Повик за заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија/трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот по одржлив, а со тоа и енергијата ќе биде пообезбедена со оглед на тоа дека ќе се потпира на сопствени ресурси.
6. Заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, како и неговата креативност, храна и традиционална кујна, туристички атракции со акцент на потребите на бизнисот. При тоа ќе се развива интернет платформа за на инвеститорите да им се презентираат потенцијалите на регионот. На оваа тема во рамки на една од панел дискусиите организирани по повод отворањето на Канцеларијата на Секретаријатот на КИФ, говори и господин  Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во име на организацијата “Самит 100”. , кој се осврнува на важноста на регионалното поврзување и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање. 

Со население од малку помалку од 18 милиони луѓе, економиите од регионот генерираат приближно 88 милијарди американски долари на БДП (големина на Словачка). Во однос на нивото на развој, едноставниот просек на БДП по жител е 1/3 од просекот на ЕУ28. Сепак, Западен Балкан е еден од најбрзо растечките региони во Европа, со стапки предвидени помеѓу 3% и 4%.

Структурата на економиите од ЗБ покажува различни економски активности. Во просек, услугите сочинуваат поголем дел од регионалната додадена вредност (% БДП), скоро 2/3 или 63%, додека индустријата придонесува со 25% и земјоделството со 12%. Се забележуваат значителни разлики во структурата меѓу шесте економии, Црна Гора, поттикната од нејзиниот туризам, е обележана со натпросечно значење на услужниот сектор (речиси 70%). Од друга страна, со БДВ (бруто додадена вредност) околу 30 отсто, Србија и Босна и Херцеговина се индустриски центри за моќ во регионот, додека додадената вредност на албанското земјоделство е речиси двојно поголема од просекот во регионот.

И покрај значителниот пораст на извозот од регионот, во последниве години, економиите од Западен Балкан сé уште се недоволно интегрирани во глобалната трговија. Просечниот извоз на стоки и услуги е околу 37%, значително пониски од 80% од вишеградските 4 економии (Унгарија, Словачка, Чешка и Полска). Сепак, трговските текови покажуваат дека растот на извозот во регионот не е поттикнат од зајакнувањето на внатрешно-регионалната трговија, туку главно поради зголемената побарувачка на клучните пазари на ЕУ (на пример, Италија и Германија). Иако вкупниот износ на извозот на ЦЕФТА регионот се зголеми од 20 милијарди евра во 2011 година на 25 милијарди во 2015 година, обемот на трговијата во регионот едвај се зголемил. Повеќето од земјите во голема мера зависат од пазарот на ЕУ (60-70 отсто од нивниот извоз), а ЦЕФТА се наоѓа на второто место со учество од околу 10 отсто. Значајни исклучоци се Црна Гора и Косово, кои извезуваат околу 30 проценти во земјите на ЦЕФТА и 40 проценти во ЕУ.

Компаниите во регионот се соочуваат со значителни регулаторни бариери за трговија преку границите. Во просек балканските компании се соочуваат со повисоки трошоци поврзани со усогласување на границата и документацијата во споредба со компаниите во ЕУ. Во случај на извоз, тоа значи 20% поскапа гранична усогласеност и речиси 3 пати повисоки трошоци поврзани со усогласеност на документацијата.

На Самитот во Трст, делегацијата од Стопанската комора на Македонија е предводена од претседавачот на Собранието на комората, Антони Пешев и претседателите на Македонската транспортна асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, Иван Петровски и Благој Христов.

Билјана Пеева-Ѓуриќ











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права