ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
16.07.2019 👁 Прочитано: 1547

ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?


Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија
Од минатогодишниот Самит на Западен Балкан во Лондон па се` до овогодишниот во Познањ, многу заеднички проекти се започнаа и се бележат значителни придвижувања на работите во однос на соработката на регионот и креирање единствена регионална економска област, за што зборувавме и претходно. Но сепак, многу од прашањата коишто се дел од агендата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), се` уште стојат отворени и потребни се дополнителни активности од страна на владите на шесте земји-членки на КИФ со цел тие да се реализираат во што поскоро време.

Агендата за регионална соработка треба да биде резултат на заеднички усвоените интереси на сите засегнати страни во регионот кои се однесуваат на развојните приоритети на секоја економија, ставајќи ги во контекст на регионалниот развој, со цел да се создаде глобално конкурентна економска област. На регионално ниво, потребен е заеднички пристап за поттикнување на дијалогот за пристапување кон преговорите со институциите на ЕУ, што би резултирало со усвојување на нови политики за проширување на бизнис релациите меѓу ЕУ и земјите од регионот.

Коморскиот инвестициски форум преку Секретаријатот и мрежата на комори-членки кои претставуваат повеќе од 350.000 компании од регионот, апелира до сите чинители - владите на ЗБ6, Европската комисија, земјите- членки на ЕУ коишто се дел од Берлинскиот процес, Советот за регионална соработка и сите други засегнати страни - да ги земат предвид следните препораки:

Ø Да им се даде предност на економијата и на интересите на граѓаните пред сите краткорочни и среднорочни политички интереси и да се работи на воспоставување на НОВ ДОГОВОР за регионот, кој ќе ги вклучува сите аспекти на соработка и ќе овозможи принципите на Европската економска област да се имплементираат во регионот уште пред приклучувањето кон ЕУ. НОВИОТ ДОГОВОР претставува идеја за воспоставување заедница базирана на моделот на Европската економска заедница, чија цел е да се воспостави царинска унија, да се создаде заеднички пазар, да се развијат нови заеднички политики, да се обезбедат политички контури за подлабоки интеграциски процеси меѓу земјите на Западен Балкан и да се поттикне и олесни влезот во Европската унија.

Ø Да се ​​овозможи подобра координација и спроведување на политиките кои треба да доведат до создавање единствена регионална економска област, и да се воспостават министерства за регионална соработка во сите влади од земјите на Западен Балкан 6. Оваа мерка ќе обезбеди силна политичка потпора и ќе овозможи спроведување на договорените политики, а исто така ќе придонесе и за градење доверба меѓу политичките чинители во регионот.

Ø Да се вложат заеднички напори, регионот да го направиме поконкурентен во привлекувањето странски инвестиции и да се работи на поттикнување на внатрешни регионални инвестиции преку намалување на бариерите и поедноставување на процедурите и регулативите за истото.

Ø Да се залагаме за што поефективно предвидување на можни пречки и елиминирање на истите во имплементацијата на политиките и стратегиите, особено во јавно-приватниот дијалог со цел да се намали времето помеѓу дефинирање на политиките и нивно целосно спроведување.

Ø Да се воведат пониски трошоци за трговија со стоки во регионот и да се отстранат долгите редици на камиони на граничните премини ​​со што ќе се дозволи побрз проток на стоки и физички лица. Сето ова ќе се постигне со што поскоро отстранување на сите нетарифни бариери, со воведување системи за взаемно признавање на граничните документи и забрзување на процесот на усвојување на стандардите на ЕУ и воведување на електронски документи.

Ø Да се ​​овозможи подобар и полесен пристап до финансии за малите и средни претпријатија во регионот како средство за овозможување побрз раст и развој на компаниите и отворање нови работни места. Потребно е повеќе да се инвестира во намалување на бариерите за пристап до банкарски заеми и во промовирање алтернативни форми на финансирање (капитал, crowd- funding, лизинг, итн.).

Ø Да се ​​работи на дигитална агенда за обезбедување квалитетно образование достапно за сите, вклучувајќи го и стручното образование и да се овозможи поголема мобилност на луѓето со цел добро образованите кадри да останат и да работат во регионот.

Деловната заедница на Западен Балкан 6, преку Коморскиот инвестициски форум ја нуди својата целосна посветеност да работи заедно со донесувачите на одлуки, со цел воспоставување континуиран, структуриран и интерактивен јавно-приватен дијалог во регионот.

Постојаниот секретаријат на ЗБ6, формиран за време на Самитот во Трст во 2017 година, е првиот инструмент што КИФ го создаде за артикулирање на гласот на деловната заедница и неговата комуникација со донесувачите на одлуки. Во 2019 година КИФ ја отвори и канцеларијата на Генералниот секретаријат во Подгорица, со што присуството на ЗБ6 КИФ во регионот стана уште повидливо. Во 2018 година со поддршка на ЕБРД, КИФ ја промовираше и „онлајн“ инвестициската платформа www.investinsee.com , која го претставува регионот на ЗБ6 како единствена дестинација за инвестирање и ги обезбедува сите неопходни информации, факти и бројки потребни за инвеститорите при носењето одлука каде да инвестираат. Исто така, платформата обезбедува и информации во однос на сите релевантни регулаторни политики во секоја земја од регионот. Во изминатиот период КИФ активно работеше и на промоција на регионот како една дестинација за инвестирање, а едно од најзначајните партнерства е организацијата на промотивниот настан со „Фајненшал тајмс“ во Лондон, кон крајот на јуни 2019 година, на којшто повеќе од 140 заинтересирани инвеститори од Лондон внимателно ги забележаа атрактивните карактеристики на регионот.

Пред неполн месец, ЗБ6 КИФ со претставниците на ЦЕФТА- Секретаријатот и Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ), потпишаа Меморандум за промоција и олеснување на трговијата во регионот на ЦЕФТА. Соработката ќе се фокусира на синхронизација и препознавање на документацијата на граничните премини, што ќе овозможи побрзо прекугранично движење на стоките, промовирајќи го концептот за взаемно признавање на овластените економски оператори (ОЕО), што од друга страна би резултирало со значително зголемен обем на трговската размена, олеснети прекугранични постапки, итн.

Спроведувањето политики за креирање единствена регионална економска област, КИФ целосно го насочува кон максимизирање на придобивките за деловните заедници од земјите од регионот. За таа цел, како главен орган којшто ги претставува стопанствениците од регионот, КИФ останува во постојана комуникација со владите и со надлежните органи во шесте земји од Западен Балкан, со силна порака дека и по сите досегашни напори и започнати проектни активности, останува целосно посветен на спроведувањето на зацртаната агенда во интерес на регионот како целина, со надеж дека до Самиот наредната година поголем дел од точките од агендата ќе бидат успешно спроведени и реализирани.

ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?
ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?
ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?
ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?
ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?
ПРЕПОРАКИ ПО САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ - ШТО ПОНАТАМУ?