ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
27.08.2019
Презентација
Презентација на Вториот меѓународен саем за халал индустрија (SHF)
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат, Македонија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Bosna Bank International, Ве покануваат на презентација на Вториот меѓународен саем за Халал индустрија - Sarajevo Halal Fair (SHF).

Резултат со слика за sarajevo halal fair 2019

Презентацијата претставува одлична можност за размена на информации за програмата, очекувањата, потенцијалите и трендовите за Халал индустријата во регионот и на глобално ниво.

Sarajevo Halal Fair (SHF) има за цел да ги обедини претставниците на Халал индустријата од Југоисточна Европа и други земји во кои е развиена оваа индустрија, како и мултинационалните компании кои на глобалниот пазар се присутни со халал производи. Посебно значаен дел од саемот се билатералните деловни средби меѓу производителите на халал производи и услуги со дистибутерите и клиентите од земјите од регионот, ЕУ членките, Блискиот Исток и други земји кај кои постои интерес за овој вид на производи и услуги. Sarajevo Halal Fair (SHF) ќе се одржи од 26.-28.09.2019 во Центар Скендерија Сараево, Босна и Херцеговина.

Презентацијата на Вториот меѓународен саем за Халал индустрија- Sarajevo Halal Fair (SHF) ќе се одржи на 27-ми август ( вторник) 2019 година во просториите на Стопанската комора на Македонија сала 1 на 5-ти кат со почеток од 10:00 часот.

Учеството за презентацијата е бесплатно, и можете да го пријавите заклучно до 26 август (понеделник) 2019 година кај контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk или на телефон: ++ 389 2 3244 051.

Во прилог на Поканата е Агенда за настанот.


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје