ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
11.07.2019
Семинар
НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ПРАКТИКАНТОТ И РАБОТОДАВАЧОТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар на тема:

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ПРАКТИКАНТОТ И РАБОТОДАВАЧОТ  И  АНАЛИЗА И ПРЕГЛЕД НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ОД АСПЕКТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ И КОРИСТЕЊЕТО ОДМОРИ

11.7.2019 година
 9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 11 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „Новиот закон за практикантство низ призмата на правата и обврските на практикантот и работодавачот и анализа и преглед на законот за работните односи од аспект на работното време и користењето одмори“.
Примарна цел на семинарот е да се запознаат посетителите со сите актуелни одредби кои ги предвидува новиот Закон за практикантство („Службен весник на РСМ“ бр.98/19), а особено како точно е регулирана практикантската работа, колку таа може да трае и како се врши нејзина евиденција, како и каков надоместок треба да се предвиди за практикантите. Особено внимание ќе се посвети на важноста од составување добар договор во насока на максимална заштита на засегнатите страни. Ќе се направи осврт и на прекршочните одредби од законот поради подобро разбирање на обврските на работодавачите.
Дополнително, ќе се анализира и Законот за работни односи од аспект на неговите одредби за работното време, во кои ситуации може да дојде до прекувремена работа и до дополнително работење. Уште повеќе, ќе се понуди преглед на правилата за користење годишен одмор.
Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата и воедно, ќе се направи обид за практично расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.
 
ПРОГРАМА:

I. Законска регулатива: Закон за практикантство

   - Општи одредби;
   - Услови за вршење практикантска работа;
   - Времетраење на практикантската работа и број на практиканти;
   - Надоместок за практикантска работа;
   - Права и обврски на практикантот и работодавачот;
   - Договор за практикантска работа;
   - Евиденција, надзор и прекршочни одредби.

II. Законска регулатива: Закон за работните односи
    - Полно и скратено работно време;
    - Евиденција на работното време;
    - Прекувремена работа, дополнително работење;
    - Распоредување и прераспоредување на работното време;
    - Работа во смени;
    - Дневен, неделен и годишен одмор;
    - Стекнување право на годишен одмор;
    - Надомест за неискористен годишен одмор;
    - Платени и неплатени отсуства.

Предавачи:
                              
- м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II - Скопје и

- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 9.7.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје