ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
ПОКРОВИТЕЛСТВО
   
ПРЕМИУМ ПОКРОВИТЕЛИ
12.02.2019
👁 Прочитано: 8844


       * Премиум покровителство

"ТОЧНА, НАВРЕМЕНА, БРЗА, КВАЛИТЕТНА ИНФОРМАЦИЈА, УСЛУГА И ЛОГИСТИКА – КЛУЧ ЗА МОЌЕН И ОДРЖЛИВ БИЗНИС"

Стопанската комора на Македонија, во стратегијата за помош и поддршка на развојот на своите компании/членки, изврши проширување на асортиманот на своите услуги кои се креирани од стручни коморски експерти, слично како и во другите комори со доброволно членство во развиените западноевропски земји, отпочнувајќи со понудата на пакет на услуги кои веќе неколку години ги практикува како активност или едноставно препознатливи како Проектите:

ПОКРОВИТЕЛСТВА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Целта на овој проект е понуда на членките во пакет, на повеќе видови на услуги кои би ги користеле континуирано во подолг временски период и истовремено ставајќи им ја на располагање на коморските членки расположивата кадровска и техничка инфраструктура на Комората за развој и унапредување на нивниот бизнис.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија одејќи во чекор со светските економски промени 2014 година, изврши проширување како во квалитет така и во квантитет на услугите содржани во покровителството, со цел амортизирање на негативните влијанија врз бизнисот како последици наметнати од истите.

Сето тоа резултираше со влез на нови компании во семејството Покровители на Стопанската комора на Македонија кои го пронајдоа својот бизнис интерес како и вклучување во активностите на комората кои се насочени кон подобрување на бизнис климата во стопанството на Република Македонија .

БИДЕТЕ ЕДИНСТВЕНИ, ПРЕПОЗНАТЛИВИ, УНИКАТНИ И СЕКОГАШ ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ !!!


СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА
Банки


КОЖУВЧАНКА



МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ
Експлоатација и преработка на мермер


ВИТАМИНКА
По нашиот слоган "Свет на вкусови", по производната програма со широка лепеза на вкусови (слатки и солени, и кисели и лути), по програмите на производството на производи за предјадења, и за појадења, по додатоците за јадењата, по десертите, по производите за ужина, по производната програма за сите возрасти на населението, светот се повеќе не препознава, со основна стратегија да тоа и натаму се повеќе го шириме и потврдуваме, кај се' поиширока група на потрошувачи низ светот. "Витаминка" нема групи на производи посебно наменети за домашниот а посебно за странските пазари. На квалитетот на производството подеднакво се приоѓа без разлика на тоа за каде е наменето.


ПЕКАБЕСКО
Во 1991 година ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари. Во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот Пекабеско. Денес, палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи.


ГРАНИТ
Изведување на сите видови објекти, посебно од нискоградбата


МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
Дејности на жичани телекомуникации


ВЕРОПУЛОС
-продажбата се врши преку 9 продажни објекти низ земјата -поседува лиценца за продажба на алкохолни пијалоци


ДУНА
Веќе трета деценија ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот. Целосно сме фокусирани на тоа преку успешни проекти и корпоративни решенија да сме незаменлив дел во бизнис секторот, но и столб и поддршка на работењето на институциите. Истовремено преку бројни еколошки и филантропски акции посветени сме и на издигнување на глобалната свесност за општествена одговорност.


НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Банки


МЕПСО
Пренос на електрична енергија


ЕСМ, Електрани на Северна Македонија
Производство и дистрибуција на електрична енергија


СУПЕРТРЕЈД
-


Контакт лице: Сашо Деспотоски
Телефон: ++ 389 2 3244089
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: saso@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, „Димитрие Чуповски“ 13, 1000 Скопје