Здружение на производители на шампањ од Франција: Продажбата на шампањ нагло опадната
➢ Актуелно (21.09.2020)
👁 Прочитано: 517



Здружение на производители на шампањ од Франција: Продажбата на шампањ нагло опадната

Продажбата на шампањ, еден од најпознатите француски производи, нагло опадна оваа година поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, а претставниците на производителите оценуваат дека околу 100 милиони шишиња ќе останат непродадени. Поради падот на побарувачката во услови на пандемија, производителите се договориле дека оваа година ќе соберат 22 проценти помала количина грозје во француската покраина Шампањ во споредба со минатата година.

Кога се затворени баровите, хотелите и рестораните каде луѓето пијат и кога се откажуваат свадбите и фестивалите , се пие помалку шампањ, велат од Здружението на производителите на шампањ.

Но, сепак наведуваат дека падот на побарувачката нема нужно да доведе до пад на цената: важно е да се сочува вредноста на производот, за да не помислат потрошувачите дека евтиниот шампањ  е лош и како производ.

Служба за информирање при Комората