ГЕРЏАЛИУ: ЕКОНОМИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН - ЧЕКОР НАПРЕД, НАЗАД ТРИ

   

👁 Прочитано: 639


ГЕРЏАЛИУ: ЕКОНОМИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН - ЧЕКОР НАПРЕД, НАЗАД ТРИ

Политиката не е спремна да ги решава проблемите по цена на власта, но деловната заедница има интерес тесно да соработува, да остварува подобри резултати, а токму со подобро деловно поврзување можеме полесно да ги пребродиме проблемите. Нашите политичари од регионот се стремат да го „разубават“ минатото, но тоа не може да се „разубави“, тоа е такво какво што е.  Нам приоритет ни е иднината, вложувањето во економскиот развој, образованието и владеењето на законите и правдата. Додека тоа не се случи, ние ќе бидеме далеку од нашите цели.

Мораме да сфатиме дека Европа кон која сите гледаме, има свои предизвици и свои критериуми кои мораме да ги исполниме, а кога го слушате говорот на нашите политичари имате чувство дека Европа треба да се интегрира во Западен Балкан, а не обратно.

Регионот најмногу страда од тоа што добрите вести повеќе не се вести на овие простори. Во рамките на КИФ се трудиме што е можно повеќе да ги промовираме позитивните страни и да дадеме придонес во менувањето на перцепцијата за регионот. Исто така, наша задача е да работиме и на хармонизација на документите. Живееме во 21. век , век на економијата, а за економијата времето е пари и никој повеќе не сака да губи време било на граница, било на отстранување на други бариери. Доколку имаме хармонизација на документацијата, сертификатите и електронските документи, и така придонесеме за олеснување на работата на деловната заедница, така и регионот сигурно ќе добие една друга слика. Целта ни е, доколку успееме во нашите намери, за две, најмногу три години, да прераснеме во стопанска комора на регионот, вели Сафет Герџалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово, во своето интервју за Радио Слободна Европа.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк: https://www.slobodnaevropa.org/a/intervju-safet-gerxhaliu-wb6/30171396.html?fbclid=IwAR000Ub14t2BIf-4WvLnoD3CdCYE3KEseb38-SfqRzHPhL7fc5ZkJdxQ8bI