19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

30.10.2017 - 30.10.2017


Бизнис средби Кошице,  Словачка

„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017


„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“

(“Slovak matchmaking fair Košice 2017”)

 30 октомври 2017 година
 Кошице, Република Словачка

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Словачката Агенција за Инвестиции и трговски  развој - SARIO, ве покануваат на “Саем за директни бизнис средби 2017“  во Кошице, Република Словачка којшто ќе се одржи на 30 октомври 2017 година.

     Од 2007 година, „Саемот за директни бизнис средби“ се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да  најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство.

     „Саемот за директни бизнис средби“ е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар.

Овој меѓународен настан е наменет за:
-  остварување билатерални разговори,
-  презентации на потенцијални партнери и нивните производни капацитети,
-  создавање можности за заеднички вложувања  со странски партнери
- полесно пронаоѓање на партнери за соработка во клучните полиња на автомобилската индустрија, инженерството, енергетиката, електрониката, информатичката и комуникациската технологија, иновациите и технологиите поврзани со овие дејности.

Ве молиме сите заинтерсирани компании да го пријават своето учество на овогодинешниот „ Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“  најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок), со пополнување на пријавниот лист.

*Напомена:
 - Учеството на овогодинешниот  „Саем за директини бизнис средби Кошице 2017” е бесплатно.
- Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз.
-  Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.
-  Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 13.10.2017 година.
- По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите  Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 17.10.2017 до 24.10.2017.
- Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија.

     Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.

     Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13.10.2017 година (петок). Пријавите коишто ќе пристигнат по рокот за пријавување нема да бидат земени предвид и обработени од страна на нашиот партнер.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со

- Сања Николова
телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права