Бизнис-настани

07.06.2018 - 07.06.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK


Еднодневен семинар на тема:

АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

11 јуни 2018 година (понеделник)
9:30 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Денес е невозможно да се замисли работењето во која и да било компанија без компјутерски мрежи и Интернет. Мрежните администратори имаат сериозни проблеми да констатираат каде се тесните грла во компјутерските мрежи и врз основа на тоа да ги подобрат перформансите на самата мрежа. Од друга страна, експертите за ИТ-безбедност треба да ги изолираат проблематичните пакети како и сомнителните датотеки кои патуваат кон компјутерската мрежа. Освен тоа, доколку компанијата користи WiFi мрежа, ситуацијата станува уште полоша, бидејќи таквата мрежа е ранлива и потребно е константно надгледување. За сите овие проблеми постои едноставно и бесплатно решение, познато како Wireshark. Моменталната верзија 2.0 е достапна за Windows и за Linux оперативни системи, иако оваа алатка во голем дел од Linux/Unix оперативните системи е веќе присутна. 

          Неговата предност во однос на конкуренцијата се состои во тоа што има графички кориснички интерфејс, познат како GUI. Комбинацијата од оваа алатка со мал компјутер како што е Raspberry Pi и оперативен систем Linux може да претставува одлично и евтино решение за утврдување проблеми на мрежата.

          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 11 јуни 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK“.

Целна група

Семинарот е наменет за раководителите и вработените во ИТ-службите, службите за безбедност на информациониот систем и систем администратори за безбедност, мрежни администратори и останати лица со напредни ИТ-знаења.

ПРОГРАМА
- Запознавање со корисничкиот интерфејс на алатката Wireshark;
- Подесување на работната средина – Profiles;
- Wireshark dissectors;
- Контролирање и подесување на собирањето податоци (Capture филтри);
- Подесување на приказ на собраните податоци (напредни Display филтри);
- Извоз на податоци – Export;
- InputOutput Graphs опција во Wireshark;
- Expert Infos опција во Wireshark;
- Пронаоѓање на тесните грла во мрежата – Latency;
- Пронаоѓање на проблематичните пакети;
- Вежба (MI5 Chalenge, VOIP содржини).

Предавач:

- доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци „SECIT security consulting“. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија.

Работен јазик за време на семинарот: српски јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 6 јуни 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права