Семинар 25.09.2019 ПРАВЕН ТРЕТМАН НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА - ДОВЕРИТЕЛИ СО ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА, ИЗЛАЧНИ И РАЗЛАЧНИ ДОВЕРИТЕЛИ –

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:
 
ПРАВЕН ТРЕТМАН НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА - ДОВЕРИТЕЛИ СО ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА, ИЗЛАЧНИ И РАЗЛАЧНИ ДОВЕРИТЕЛИ –

25 септември 2019 година (среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 25 септември 2019 година организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со прваниот третман на доверителите во стечајната постапка (доверителите со парични побарувања, излачните и разлачните доверители). 

Предмет на анализа ќе бидат одредбите од Законот за стечај („Сл.весник на РМ” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13,164/13, 29/14,98/15,192/15) кои се однесуваат на правата и обврските на доверителите во стечајната постака и  нивна имплементација во судската пракса.

На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови и  проблеми во врска со практичната имплементација на   одредбите на Законот за стечај и другите посебни закони  (Закон за нотаријат, Закон за извршување) поврзани со остварување на правата на доверителите по отварањето на стечајната постапка на стечајниот должник

ПРОГРАМА:

• Правни последици од отворање на стечајна постапка  на доверителите на стечајниот должник;
• Доверители во стечајната постапка;
• Улогата на доверителите во  органите на стечајната постапка;
• Парници кои произлегуваат од стечајна постапка (тужби на стечајните доверители  и доверителите на стечајната маса);
• Излачни  доверители, излачни тужби и надомест на излачни права;
• Разлачни доверители.


Целна група: 
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, законските застапници, адвокати, стечајни управници и сите заинтересирани за областа која ја покрива семинарот.

Предавач:
Биљана Јачева, судија по трговски спорови  и стечај  во Граѓански оддел на Основен суд Велес-Велес, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до  23 септември 2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина