БОГАТСТВОТО НА ЏЕФ БЕЗОС ЗГОЛЕМЕНО НА РЕКОРДНИ 171 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ
👁 Прочитано: 2804



БОГАТСТВОТО НА ЏЕФ БЕЗОС ЗГОЛЕМЕНО НА РЕКОРДНИ 171 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

Најбогатиот човек во светот – извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос стигна до нов, историски рекорд со својата финансиска состојба од 171,6 милијарди долари, објави „Блумберг“.

Така, претходниот рекорд, постигнат на 4 септември 2018 година кога богатството на Безос изнесуваше 167,7 милијарди долари, сега е надминат. Тоа се случи благодарение на скокот на вредноста на акциите на Амазон – најновите податоци посочуваат раст од 4,4 отсто, до рекордните 2.878,7 долари за акција.

Во првата половина на годината, вкупната заработка на компанијата изнесува 56,7 милијарди долари и тоа како што анализаат во „Блумберг“ – „ја потенцира зголемената разлика во благосостојбата на луѓето во САД за време на најлошиот економски пад по Големата депресија“ од минатиот век.

Консултантската компанија за мали бизниси – „Компарисан“, пред извесно време прогнозираше оти Безос ги има сите предуслови да стане првиот човек со богатство од над трилион долари во 2026 година.

Според списанието „Форбс“, Безос е најбогатиот човек во светот трета година по ред.

Превземено од: МИА.МК

Служба за информирање при Комората