28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

05.04.2017 - 05.04.2017


Настан ХОТЕЛ „САЛИДА“-ПРИЛЕП,  Македонија

ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ


ПОКАНА

 

ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

 

ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ

 ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА  И УРБАНИЗМОТ

5 април 2017 година (среда), 11:30-15:00 часот

Хотел „Салида“ - Прилеп

 

Почитувани,

 

Во насока на подобрување  и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот.

 

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и  ЕПИ Центарот Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

 

Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.

 

Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот ќе се одржи на 5 април 2017 година (среда), со почеток  во 11:30 часот, во хотелот „Салида“ во Прилеп. 

 

Предавач на информативниот настан е м-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, инж. на животна средина, консултант за животна средина со повеќе од 15 години искуство во областа на животната средина, оценка на влијание на проекти врз животната средина, управување со отпад, води, емисии во воздух и квалитет на воздух, управување со хемикалии и длабински анализи во поглед на управувањето со животната средина. Таа има искуство во развивање на политики од областа на животната средина, апроксимација на ЕУ-законодавството во националното законодавство, национален и локален одржлив развој, развивање на еколошки критериуми за одредени производи. Воедно, таа учествувала во голем број меѓународни проекти финансирани од ЕУ, УНИДО, УНДП, ЕБОР, Светската банка и др. Основач и сопственик е на Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ ДООЕЛ - Скопје (www.ekomozaik.com) и заедно со нејзиниот тим дава консултантски услуги од област на животната средина и енергетската ефикасност на приватни компании, МСП, национални, регионални и локални институции и меѓународни организации.

 

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 31 март 2017 година (петок), со регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click:  https://goo.gl/forms/Di8aoViaIFBQllj62


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ристо Најдоски
Тел: ++ 389 48 415536 Факс:++ 389 48 415536
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: regiopr@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права