ОД ЧЛЕНКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА-НОВИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР–ЗНАК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ
➢ Актуелно (04.09.2020)
👁 Прочитано: 2016



ОД ЧЛЕНКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА-НОВИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР–ЗНАК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ

Битолското чоколадно млеко со десет витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив производ на “Битолска млекара”. Битолското чоколадно млеко со десет витамини е одговорот на потрагата на родителите, следејќи го брзиот раст и развој на децата и начинот како да ги надополнат потребите, како да го поттикнат здравиот психофизички развој на децата...

Виничката компанија “Макпрогрес” го прошири своето производно портфолио со линијата житни барови BALANCE. Најновите производи на една од водечките домашни компании во делот на кондиторски производи и здрава храна се произведени од интегрален овес, ориз и пченка, а на пазарот се лансирани три вкуса: бел крем, чоколадо и сушено црвено овошје.

Фабриката за кондиторски производи “ЛИОН” од Свети Николе наскоро во продажба ќе пушти нов високо квалитетен производ – премиум крем. По сите направени анализи и испитувања со цел да се достигне врвен и посебен вкус кој може да конкурира на светските брендови, Лион конечно започна производство на новиот премиум крем под брендот Леона.

Кавадаречка Кожувчанка инвестира во комплетно нова производна линија по најсовремена технологија за производство на лименки на која ќе се произведуваат сите брендови на компанијата, со исклучок на водите. Инвестицијата изнесува 715.000 евра. Во лименки се произведуваат газираните пијалоци Sinalko, Sinalco Ice Tea, негазираните густи сокови од палетата Sinetta како и непастеризираното, ладно филтрирано Lifer Best и Наше македонско светло пиво.

Сите горенаведени компании како членки на Стопанската комора на Македонија, се активно вклучени и во работата на органите и телата на Комората.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија