Семинар 29.06.2020 ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

„онлајн“-семинар, 10-13 часот


   

Семинарот посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, оспособување за самостојна анализа на голем број на податоци преку работа со филтри, формули и функции во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Со него се опфатени и пивот табелите - еден од скриените адути на Ексел кои се применуваат во: администрација, финансии, продажба, набавка, водење на магацини, маркетинг, сметководство, аналитика и управување со ризици, односно секогаш кога е потребен брз, лесен и ефикасен начин за анализа и правење на извештаи. Но, тука е и креирањето на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки. Дел од „Онлајн“ - семинарот ќе биде посветен и на практична примена на Excel во магацинското работење преку одредени практични примери од оваа област поврзани со: МЕТГ -Материјална евиденција во трговијата на големо, пропишан образец, увозна калкулација со пресметка на трошоци од увоз и формирање на набавна цена за артикл во магацин.
 „Онлајн“ - семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните формули и функции кои ги нуди оваа програма, пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаења да ги применат на своето работно место. Составен дел од „онлајн“ - семинарот се примери од секојдневната практика.

Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.

Семинарот ќе се одржи „онлајн“.

Теми кои ќе бидат опфатени на „онлајн“ - семинарот:
• Валидност на податоци;
• Работа со формули и функции;
• Поврзување на работни страници и пресметковни табели;
• Практични примери за примена на наученото во секојдневието (пример: во магацинското работење);
• Сортирање и филтрирање на податоците;
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• МЕТГ- Материјална евиденција во трговијата на големо, пропишан образец, увозна калкулација со пресметка на трошоци од увоз и формирање на набавна цена за артикл во магацин.

По завршување на „онлајн“ - семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Практично применува табеларни пресметки
• Поврзува повеќе табели кои се наоѓаат на различни работни страници;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува филтрирање и сортирање;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи;
• Применува Excel во дел од магацинското работење.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации;
- Подобар увид во работењето;
- Ослободување од бескрајните калкулирања на трошоците од увоз и нивниот распоред по производи.

Предавач:
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

-  Напатствија за приклучување на „онлајн“-работилницата;
-  Е-сертификат и
-  Работни материјали во електронска верзија.

Рок за пријавување:25.6.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015