Семинар 21.11.2019 CUSTOMER SERVICE EXCELLENCE – КАКО ДА СЕ ПРУЖИ ИЗВОНРЕДНА УСЛУГА

Стопанска комора на Македонија

Еднодневна работилница на тема:

CUSTOMER SERVICE EXCELLENCE – КАКО ДА СЕ ПРУЖИ ИЗВОНРЕДНА УСЛУГА

21 ноември 2019 година (четврток)
9:50-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

Грижата за потрошувачите и корисниците на услугите е постојан и бескраен процес.
Со промените на потрошувачките навики и напливот на лесно достапни информации, компаниите се судираат не само со борба за стекнување на нови клиенти, туку и со постојана потреба од задржување на постојните клиенти, зголемување на  нивното задоволство и класифицирање во најпосакуваната категорија клиенти – лојални.

Учениците на оваа работилница активно ќе учествуваат во идентификација на сите клучни фактори кои ја прават услугата една од клучните продажни, односно деловни алатки и во таа интеракција ќе добиваат тековна повратна информација за своите знаења, ставови, идеи и следни чекори во нивната работна пракса.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 21 ноември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „CUSTOMER SERVICE EXCELLENCE – КАКО ДА СЕ ПРУЖИ ИЗВОНРЕДНА УСЛУГА“.

ПРОГРАМА

Воведен модул - врската помеѓу продажбата и услугата - фактор на пазарен успех

Каде започнува извонредната УСЛУГА:
  - Препознавање на клучните фактори за создавање на УСЛУГА која ги враќа или одвраќа клиентите;

• (ПРЕ)ПОЗНАВАЊЕ на очекувањата:
  - Познавањето на очекувањата на клиентите и нивно пресретнување како еден од најбитните фактори за извонредна УСЛУГА;
  - Клиентско (не)задоволство;
  - Елементи на врвна УСЛУГА;

Разбирање на различните стилови на КОМУНИКАЦИЈА:
  - Клиентите имаат различни стилови на однесување и КОМУНИКАЦИЈА;
  - Уметноста на приспособувањето ја унапредува УСЛУГАТА;
 
ПРЕФОРМУЛИРАЊЕ - клуч кон подобро разбирање:
  - Како да се каже „Не“, „Тоа не е моја работа“ или „Не знам“ без да се предизвика штета;

Справување со „тешки“ клиенти:
  - Дали „тешките“ клиенти навистина постојат?
  - Како да се справиме со оние клиенти кои ги доживуваме како „тешки и проблематични“?

Што може да биде подобро?
  - Осврт кон некои пракси на услуга кон клиентите и идентификација на силните и слабите страни;

Претворање на жалбите и поплаките во можности:
  - Користа од поплаките;
  - Пресретнување на поплаките;
  - Do's & Don'ts во процесот на справување со поплаките;

Услугата - како извор на стресот и справувањето со него:
  - Справувањето со големиот број различни клиенти со различни карактери води кон несакани, штетни ефекти - Ad hoc Stress Management;

Завршен модул - Затворање на кругот - врската помеѓу продажбата и услугата - фактор на пазарен успех:
  - Завршни согледувања и заклучоци;
  - Прашања и одговори;
  - Затворање на тренингот.

Предавач:
Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција.
Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и регионалниот пазар.
„Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“,  „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.
Како тренер, со повеќе од 640 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репро-материјали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство...
Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај и формалното образование (МВА), доминатно ја црпи и ја базира на сопствено искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и во странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 18.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Работилница, 19.10.2020
БОЛЕДУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО И ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ИСПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ,ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО НА ТОВАР НА РАБОТОДАВАЧОТ
Семинар, 21.10.2020
ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 28.10.2020
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“