Презентација на вината на „Тиквеш“ на „Копаоник бизнис форум 2020“

Презентација на вината на „Тиквеш“ на „Копаоник бизнис форум 2020“

На вториот ден од „Копаоник бизнис форум 2020“ се одржаа два т.н. специјални настани. Едниот од нив беше организиран од македонската компанија „Тиквеш“ и се одржа под наслов „Вината што го освојуваат светот – „Тиквеш“ – „Chateaux & Domaines“.

Презентација на вината на „Тиквеш“ на „Копаоник бизнис форум 2020“ На настанот беше направена презентација за некои од врвните вина на „Тиквеш“. Се зборуваше за историјата на случувањата околу нивното производство, за карактеристиките и шмекот на вината, вклучувањето на „француските потези“ на „Тиквеш“ во развивањето и производството на ново вино, итн. Презентацијата ја предводеше Радош Вукиќевиќ, генерален директор на „Тиквеш“.

На општо задоволство на присутните, приказната за врвните вина на „Тиквеш“ беше придружена со нивна дегустација.

Во целина, „Тиквеш“ направи убава, репрезентативна промоција на своите вина на еден врвен бизнис настан.

Служба за информирање при Комората