УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ ФОНД ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ ФОНД ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД COVID-19

Член 1

Во Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот Covid-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 106/20 и 139/20), во членот 3 став 1 точка 2¹, по алинеата 4, се додава нова алинеа 5 која гласи: „парични средства во износ од разликата од средствата за авионските билети кои ги платиле патниците за организираниот авионски превоз од и до Меѓународниот аеродром Скопје до износот на средства кои Генералниот секретаријат ги уплатил на авиопревозникот кој го вршел превозот“.

Во членот 5² зборовите „како и“ се бришат, а по зборот „културата,“ се додаваат зборовите: „како и радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, за надомест на трошоци кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс, согласно Законот за електронски комуникации,“.

Член 2

Оваa уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4738/1                                    Заменик на претседателот
29 мај 2020 година                          на Владата на Република
Скопје                                                  Северна Македонија,
                                                  м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

¹Член 3, став 1, точка 2 од Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот Covid-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 106/20 и 139/20), кој се дополнува, гласи:
Фондот се финансира од:
1. Паричните средства - донации, донирани од приватни физички и правни лица за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и
2. Паричните средства од правни лица во сопственост на државата кои не се: буџетски корисници, единици на локалната самоуправа и Град Скопје и јавни претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, и тоа:
- парични средства во износ од разликата од полниот износ од нето платата до 14.500 денари, согласно Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор и на вонредните и ополномоштени амбасадори и генерални конзули на Република Северна Македонија во странство за време на вонредната состојба;
- паричните паушали и паричните надоместоци кои нема да се исплатат, согласно Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба;
- паричните додатоци и надоместоците на плата кои нема да се исплатат, согласно Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба и
- паричните надоместоци на лицата ангажирани по основ на склучен договор за дело кои нема да се исплатат, согласно Уредбата со законска сила за исплата на паричен надомест за лица ангажирани со договор за дело во органите на државната власт, регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна сопственост на државата, единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје за време на вонредна состојба.

²Член 5, кој се менува, гласи:
Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија, како и на филмските работници и уметниците и другите физички лица кои самостојно вршат дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата, во надминување на економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје