УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македoнија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Северна Македoнија („Службен весник на Република Македонија” бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година, донесе

У Р Е Д Б А
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА  СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА  ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
 
Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на законот за  трговските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.123/20), во членот 1 став (2)¹ по зборовите “трговски книги “ се додаваат зборовите “за рокот за усвојување на ревидираните финансиски извештаи“, а по зборовите “финансиски извештаи“ се додаваат зборовите “со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи“. 

Член 2

По членот 2 се додава нов член 2-а, кој гласи:
 
“Член 2-а
Рокот за усвојување на ревидираните финанисиски извештаи од страна на собирот на содружници, односно собранието на друштво, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и друштва кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.“

Член 3

Членот 3 се менува и гласи:
“Рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза  и на друштвата кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.“

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
 Бр. 44-4747/1                                   Заменик на претседателот
 29 мај 2020 година                           на Владата на Република
 Скопје                                                    Северна Македонија,
                                              м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

¹Член 1 став (2) од Уредбата со законска сила за примена на законот за  трговските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.123/20), кој се дополнува, гласи:
„За веродостојноста на сметководствените документи врз основа на кои се водат трговските книги, како и за рокот за доставувањето на одобрените финансиски извештаи за 2019 година до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, за време на траењето на вонредната состојба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје