Бизнис-настани

18.12.2018 - 18.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)


Еднодневен семинар на тема:

ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

18 декември 2018 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

          Под напливот на ефектите на интензивниот техничко-технолошки развој каков што историјата не памети се случуваат и неминовни промени во социјалните средини, од кои не се исклучени, се рабира, ниту пазарно ориентираните компании, ниту државниот и јавниот сектор. При тие промени емоционалната интелигенција (ЕИ) добива на специфична тежнина бидејќи многумина ја сметаат како основа за продуктивна социјална средина, односно манифестација на ефективна социјална интелигенција.
Спротивно на некои други форми на интелигенција, како когнитивната (IQ), за емоционалната интелигенција постојат цврсти сознанија дека може да се развива и унапредува.
          За емоционалната интелигенција денес е јасно дека игра исклучително важна улога во контролата и управувањето со личните емоции, со ефект, во крајна линија, на личното здравје.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 18 декември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“.

ПРОГРАМА


- Воведен модул
  o Од Hawthorne до денес;
  o Од „организацијата е машина“, до „жив организам“;
  o Емоционалната интелигенција во работна средина – почетоци:
    • Машински модел;
    • Фредерик Херцберг – сознанија и нивната практична примена;
  o Емоционалната интелигенција – денес и понатаму;
    • Лидерство = Менаџмент со емоционалната интелигенција

- Концепти на емоционалната интелигенција:
  o Интраперсонални и интерперсонални аспекти на емоционалната интелигенција;
  o Емоционалната интелигенција според Даниел Големан (Daniel Goleman); 
  o Клод Штаинер (Claude Steiner);
  o Модел на особини;
  o Модел на способности;
  o ЕИ според Даниел Големан (Daniel Goleman): 
    • Самосвест;
    • Контрола на емоции;
    • (Само)Мотивација;
    • PMS;
    • Верувањата и „Пигмалион ефект“;

- Развој на емоционално интелигентна работна средина
  o Емоционалната интелигенција денес и во иднина;
    • Критични бизнис фактори во 21. век;
    • Кои се новите лидери?
  o Точка на пресврт:
    • Организацијата како жив организам;
  o Промена – трансформација – еволуција.


Предавач:

-Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција.
Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови имал можност да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и регионалниот пазар. „Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“, „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.
Како тренер, со повеќе од  630 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репроматеријали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство...
Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај и формалното образование (МВА), доминатно ја црпи и базира на сопствено искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и во странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 13 декември 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права