Од донации на домашни фирми собрани над еден милион евра на наменската сметка на Министерство за здравство
➢ Актуелно (12.04.2020)
👁 Прочитано: 2887



Од донации на домашни фирми собрани над еден милион евра на наменската сметка на Министерство за здравство

Со  донации на домашните компаниии на наменската сметка на Министерството за здравство се собрани над еден милион евра, како што соопштува МИА но и согласно информациите од компаниите членки на Стопанската комора на Македонија.

– Една од првите што излезе пресрет е Алкалоид, компанијата донира 200.000 евра за Министерството за здравство, а дополнително ги намали цените на 158 свои производи. 250.000 евра ИГМ Трејд Кавадарци префрли на посебна наменска донаторска сметка на Министерството за Здравство, наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.

Според соопштението од министерството за здравство што за донациите на компаниите го дистрибуира пи-ар агенција преку МИА и Комерцијална банка обезбеди парична помош во износ од 100 илјади евра, и уште дополнителна заштитна опрема во вредност од 20 илјади евра. Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, издвои 100 илјади евра во опрема за здравство. Истото го стори и ОКТА со донација од 50 илјади евра, како и Битолска млекара со донација финансиски средства за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

Како што стои во соопштението, голема помош за Министерството за здравство пристигна и од голем број странски држави, претставништва, амбасади и организации.За сите нив и за секоја донација Министерството за здравство упати јавна благодарност за укажаната помош. Дел од компаниите, како Халкбанк, Битолска млекара, ИГМ Трејд Кавадарци, Комерцијална банка, како помош за Владата и економскиот сектор за справување со последиците од епидемијата, предвреме го платија данокот на добивка.

ИГМ Трејд Кавадарци паралелно со извршената аконтативна уплата на данок на добивка за 2020 и за 2021 година изврши предвремена уплата и на данокот на имот за буџетот на општина Кавадарци и зглемување на неговата ликвидност, со што вкупната поддршка на компанијата во целост е во износ од 833.876 евра.

Во справувањето на Владата и институциите со вонредната ситуација предизвикана од пандемијата клучна улога игра стопанскиот сектор со пружање многу потребна и значајна помош за ублажување на ефектите од кризата, се вели во соопштението.