11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

20.09.2018 - 21.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА


Дводневна обука за:

ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20-21 септември 2018 година
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на деловен асистент и финансиски администратор:

• Интерна и екстерна комуникација во компанијата;
• Одговорности и овластувања и клучни функции;
• Комуникациски вештини на деловен асистент;
• Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцeларија и во   канцeларијата на врвното раководство;
• Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвно   раководство.

          Проток на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.
          Усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.

Програма на обуката:

Улогата на деловниот асистент во канцелариското и архивското работење
• Одговорности и овластувања на деловен асистент;
• Процес на управување, заштитата, чувањето, користењето и обработката на   документи и записи;
• Заштита на работна документација како приоритетна задача, преку поголема   контрола и врз канцелариското  работење;
• Управување на архивскиот и документарен материјал на јавен архивски и   документарен материјал и приватен  архивски документарен материјал;
• Комуникациски вештини на деловен асистент;
• Обезбедување на конзистентност веродостојност, целовитост и употребливост како основни карактеристики на документот/записот;
• Конвенционален и неконвенцијален архивски и документарен материјал;
• Управување на документи кои се од клучна важност за врвно раководство;
• Процес на пренесување на архивскиот материјал од физички и аналогни облици во електронски облик.

Интерна комуникација и структура во канцелариското и архивското работење
• Прегледување и распоредување на документ/запис;
• Заведување на документот/записот;
• Доставување на документот/записот во работа;
• Административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на    документот/записот;
• Разведување и класифицирање на документот/записот;
• Одлагање на решениот документ/запис во писарницата;
• Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
• Категоризација на архивскиот материјал;
• Попишување на документарниот материјал - изминат рокот за чување;
• Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал во соодветен простор и стандардна опрема.

Проток на документи во и надвор од компанијата (екстерна комуникација)
• Сортирање во документи и записи (регистри на документацијата);
• Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија   и   во канцеларијата на генералниот директор;
• Квалитативно управување на домашните дописи и странските дописи за   потребите   на компанијата;
• Чување на документи/записи во изворен облик во кој се креирани, испратени,   примени и архивирани, облик со кој изворната содржината не се менува;
• Имплементација на процедура за контрола на документи и контрола на записи;
• Креирање план за реконструкција и обнова на податоците во случај на   хаварија;
• Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа;
• Упатство за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Проток на приватен архивски и документарен материјал
• Процес на управување на приватен документиран материјал во посед на приватни   правни и физички лица;
• Обврски на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
• Вршење и определување на начинот на приемот, прегледувањето и распоредувањето на   материјалот;
• Промет со приватен архивски материјал;
• Истражување, размена и изнесување на архивски материјал;
• Процес на реализација на документиран центар, прием и  времено чување на     приватен архивски и документарен материјал.

Целна група:

- извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурсите (човечки, технички и останати);
- директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на обукаѕа, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник).

Предавачи:

- м-р  Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент;
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 23 години искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување:  14.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права