10.12.2018 (Семинар)
Практична примена на Законот за архивско и канцелариско работење преку водење деловодник и негови пропратни книги

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

10.12.2018 - 10.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат,  Македонија

Практична примена на Законот за архивско и канцелариско работење преку водење деловодник и негови пропратни книги


Еднодневен семинар:

Практична примена на Законот за архивско и канцелариско работење преку водење  деловодник  и негови пропратни книги, управување и распределба на акти изразено преку примери за користење на организационите единици на субјектите од општиот дел на Планот и листата на архивски знаци, како и креирање на посебен дел во Планот и листата на архивски знаци зависно од обемот и потребата на слушателите (претставниците на правните лица)
10.12.2018 година (понеделник)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат



Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат  на архивското и канцелариското работење, приемот и движењето на документите, распределувањето на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица за нивно натамошно процесирање во рамките на институциите и пошироко.

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на водење на деловодникот и останатата пропратна документација, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување; водењето попис на документи, со кој се олеснува и растоварува водењето на деловодникот, како и затворање на тековната година и подготовка на соодветна документација за тековното работење во наредната година.

Програма на семинарот:

- Закон за архивски материјал;
- Заведување на акти и основна евиденција во канцелариското работење;
- Водење попис на документи;
- Помошна евиденција во канцелариското работење;
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен 
  дел);
- Прием, прегледување и распоредување на документи и записи;
- Заведување на документи и записи (користење на организациони единици);
- Отворање попис на документи преку практични примери;
- Распоредување на документи по интерни доставни книги;
- Начин на доставување документи и записи во работа;
- Разведување и класифицирање на документи по организациони единици;
- Одлагање на решени документи во архива;
- Евидентирање на архивскиот материјал;
- Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот 
  материјал во соодветен простор и стандардна опрема;
- Сопствена евиденција во процес на архивирање;
- Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
- Правилна класификација и рокови на чување на документација;
- Организација и надзор на документиран систем;
- Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и 
  документарниот  материјал во канцелариското и архивското работење;
- Уредба за канцелариско и архивско работење;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на 
  документарните центри;
- Упатство за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на 
   користење.

Целна група за семинарот:

-директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:

-м-р Валентина Тодоровска , магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 
 6.12.2018 година.

Во прилог: Пријавен лист и Агенда


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права