20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

16.11.2017 - 21.12.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА


 

Тренинг-обука на тема:

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

16 ноември – 21 декември 2017 година
(секој четврток во неделата)
Стопанска комора на Македонија

Современите истражувања посветени на емоционалната интелигенција потврдуваат дека поврзаноста на општите интелeктуални способности и животниот успех расте доколку личноста поседува и емоционална писменост

            Оттука, докажано е дека емоционално интелигентните личности cе поефикасни во извршувањето на работните задачи, полесно се соочуваат и ги надминуваат стресните ситуации како со вработените така и со клиентите. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, следејќи ги најновите трендови за развој на потенцијалот на човечкиот капитал, организира тренинг-обука на тема: „Подобрување на перформансите кај вработените во продажба“.

За кого е наменета обуката? 
             Обуката е приспособена за вработените од бизнис-заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот.

Цел на тренинг обуката
             Преку изучување на клучните вештини и стратегии при импровизација, да ги подготви учесниците во комуникацијата со клиентите да создадат чувство на доверба и сигурност. Оваа обука ќе Ви помогне да станете свесни за емоциите кои Ве попречуваат на патот до ефективен однос со Вашиот клиент, а преку тоа да научите да управувате со моменти кои се непредвидливи во нашата динамична средина која брзо се менува. Да постигнете зголемена свесност за Вашиот стил на комуникација и да ги развиете односите кои се фокусирани на другите. Правилниот избор на зборови, позитивниот говор на телото, отворениот начин на размислување и совладување на одредени техники претставуваат основа за добра комуникација, а тоа доведува до зголемена продажба и позадоволни клиенти.

Обуката е дизајнирана за мали групи од 8 – 10 учесници, со цел зголемена продуктивност.

ПРОГРАМА

Датум на одржување

Модул

16.11.2017 годинаМОДУЛ 1:
• Важноста на животните позиции  за ефективен однос клиент/купувач;
• Поврзаност на чувствата, мислите и однесувањето;
23.11.2017 годинаМОДУЛ 2:
• Важноста на невербална комуникација  за ефективен однос клиент/купувач;
30.11.2017 година

МОДУЛ 3:
• Снаоѓање во непријатни ситуации - Чувствувајте се смирено во непријатни ситуации;
• Снаоѓање во непријатни ситуации - Бидете фокусирани кон другите;

7.12.2017 година МОДУЛ 4:
• Снаоѓање во непријатни ситуации - Останете во разговорот;
• Снаоѓање во непријатни ситуации – Кажете: Ви благодарам;
14.12.2017 година МОДУЛ 5:
• Добра наспроти лоша комуникација;
• Активно слушање;
• Tехники за справување со незгодни клиенти;
21.12.2017 година МОДУЛ 6:
• Изградете мост;
• Претворете ги преговорите во цели/можности.

Обучувач:

м-р Катерина Наумовска-Ристовска, клинички психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот од Белград, тренер и психолог - советувач  во Центарот за едукација „Гравитрон“ – Скопје, со десетгодишно работно искуство како клинички психолог и петгодишно искуство како обучувач во работилници за емоционално описменување, обуки за комуникациски вештини, работилници за родители, обуки за соочување со стрес итн. Магистер по психолоши науки, магистрирано на тема: „Емоционална интелигенција“, со повеќе објавени трудови и повеќегодишно активно учество на многу европски конгреси и проекти на тема: „Емоционална  интелигенција“.
          

Во цената на котизацијата се вклучени:

• 6 модули распоредени во 6 тренинг-денови по 4 часа на ден;
• Работни материјали за секој учесник;
• Кафе, чај и освежување за време на паузите;
• Сертификат за успешно завршена тренинг-обука.

Рок за пријавување до 13 ноември 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права