20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

02.11.2017 - 03.11.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD


Дводневен тренинг на тема:

НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

2-3.11.2017 година (четврток-петок)  
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 


          Денес навремените и квалитетни информации имаат голема вредност, а давањето смисла на податоците со кои располагаме влијае на донесувањето одлуки и прави разлика помеѓу успешни и неуспешни компании.

Како да обработите голема количина на податоци?

   
          Ова е проблем со кој се соочуваат повеќето компании, а за максимално користење на информациите и креираните податоци кои се корисни за донесување најдобри деловни одлуки потребна е алатка која тоа ќе го овозможи. А токму Microsoft Excel е алатка која треба да ја поседува секој успешен менаџер. Со доброто познавање на Excel менаџерите ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот.
          Dashboard претставува визуелен интерфејс кој овозможува брз и едноставен преглед на клучните параметри кои се релевантни за одредени работни процеси или за работата во целина. Dashboard извештаите овозможуваат менаџерите да добиваат визуелен преглед на целосното работење и врз основа на тоа брзо да донесат одлуки.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ТРЕНИНГОТ?
          Тренингот е наменет за професионалци кои се занимаваат со креирање извештаи и анализа на податоци: финансиски аналитичари, вработени во секторот финансии, сметководство, продажба и слично. За следење на тренингот неопходно е познавање на Excel, креирање едноставни извештаи и графикони.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ТРЕНИНГОТ:
•  Донесување подобри деловни одлуки користејќи ги добиените податоци;
•  Совладување на алатките за креирање комплексна анализа;
•  Оптимизација на работењето користење прави информации;
•  Подобар увид во работењето.

ПРОГРАМА:

1. ВОВЕД;

2. ПОДГОТОВКА НА ПОДАТОЦИ; 

3. ПРИНЦИПИ НА КРЕИРАЊЕ DASHBOARD; 

4. ПРИНЦИПИ НА ПРИКАЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ:
   - Табели и графикони – Trending;
   - Средна оска;
   - Средување податоци;
   - Мини –графикони;
   - Обликување – форматирање;
   - Highlighting подредување;
   - Top & Bottom рангирање;
   - Фреквенција на дистрибуција;
   - Цели наспроти варијабилни графикони;
   - Перформанси наспроти целното рангирање;
   - Bullet графикони;
   - Win/Loss/Draw условно обликување;
   - Динамички опсег на податоците;
   - Динамички ознаки;
   - Структура на текстот на формулите;
   - Симболи во формулите и графиконите;
   - Графикон во опсег без континуитет, вградување на графикони;
   - Динамичка листа за проверка на исправност на податоци;
   - In cell, Panel и Step графикони; 

5. ИНТЕРАКТИВНА КОНТРОЛА:
   - Форми на контролирање – вовед;
   - Check boxes, boxes листа и опција Buttons, group boxes;
   - Scroll Bar и Buttons;
   - Combo Box with Macro;
   - Динамички датум филтери – 4 начини;
   - Анимирани графикони;
   - Динамички опсег со опцијата OFFSET;
   - Динамички опсег со опцијата INDEX;
   - Динамички опсег за графикони;
   - Техники на пренос;
   - Scroll and Sort табела; 

6. АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ;
   - Пивот графикони;
   - Slicers (само за Excel 2010)
   - GETPIVOTDATA функција;


На крајот на тренингот учесниците ќе бидат во можност да:
- креираат комплексни извештаи со помош на Excel;
- креираат интерактивни извештаи кои можат да се приспособат на крајните купувачи;
- креираат извештаи во склад со принципите и техниките за визуелизација на податоците;
- извршат избор на начинот на рпезентирање на податоците;
- креираат сложени и интерактивни извештаи со помош на кои можат да  обезбедат нов аспект кон деловните информации.
 
Предавач:
 - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управувањње со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- работен материјал; 
- ручек и освежување;  
- сертификат за присуство на семинарот.

*НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА,
ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 26 октомври 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права