21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

12.06.2018 - 14.06.2018


Форум Скопје,  Македонија

„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ


 ПОКАНА
„MINEX EUROPE 2018“
3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ
12 – 14 јуни 2018 година
Хотел „Александар Палас“
Скопје, Р. Македонија
www.minexeurope.com/2018/

Почитувани,
     Стопанската комора на Македонија во соработка со „Minex Europe“, ве поканува да бидете дел од овогодишниот 3. Европски форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“. Овогодинешниот форум  на тема: „Одржлив развој на западно тетијските металогени ресурси“, ќе се одржи во хотелот „Алексадар Палас“, во Скопје, во периодот од 12 до 14 јуни 2018 година. Форумот има за цел да даде осврт на возбудливите рударски проекти развиени во земјите од Балканот и да ги нагласи иновациските трендови во испитувањето и вадењето, преработката, управувањето со отпад и затворањето на рудниците низ европскиот континент, како и насекаде во светот. На Форумот се очекува учество да земат повеќе од 200 меѓународни делегати од балканските земји, ЕУ, Канада, САД и Австралија.


ЗОШТО ЗАПАДЕН ТЕТИС?
     Со инвестициите на „Euromax Resources“ компанија којашто има за цел да направи проект за злато во Иловица, инвестицијата на  „Solvay Group” во Бучим за бакар/злато, проектот за злато во рудникот „Плавица“ на „Genesis Resources“ и неодамнешното купување на „Саса“ рудникот за цинк, проект на „Central Asia Metals“ вреден 400 милиони САД долари, рударскиот сектор во Република Македонија нуди можности за потенцијален раст за странски инвестиции во дадениот сектор. Кога ќе се земат предвид сите активности во соседните земји во рамките на Тетискиот појас, Западен Балкан претставува вистински центар за рударство и испитување.


ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ КОМПАНИИТЕ
     Форумот ќе претставува и платформа за директни средби со извршните директори од рударските компании кои работат на проекти во земјите од Тетискиот појас:
-Македонија: „Central Asia Metals“, „Euromax Resources“, „Copin Investments“, „Reservoir Minerals“, „Genesis Resources“, „Бучим“;
-Србија: „Metalfer“, „Nevsun Resources“;
-Бугарија: „Freeport-McMoRan“, „Geotechmin“;
-Словенија: „Prospech“.


ЛИСТА НА ГОВОРНИЦИ
     Програмата на Форумот вклучува и презентации од искусни владини претставници, извршни директори на рудници, инвеститори и експерти:
• проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори;
• Марцин Садовски, шеф на Секторот за суровини, EASME, Европска комисија;
• Н.Е. Чарлс Герет, амбасадор на Обединетото Кралство во  Република Македонија;
• Н.Е. Кати Саба, амбасадор на Канада во Белград;
•Ник Кларке, претседател, „Central Asia Metals“;
• Патрик Форвард, оперативен директор, „Euromax Resources“;
• Петер Робинсон, главен советник за рударски активности, „Metalfer“;
• Крис Бреј, главен рударски инженер и лидер за глобални практики, „SRK Consulting (ОК) Ltd“;
• Витор Кореиа, претседател, Европска федерација на геолози;
• Николајчо Николов, претседател, Македонска асоцијација на рударството/ заменик генерален директор, „Бучим“;
• Даниела Бомбол, управител, „Reservoir Minerals Macedonia“;
• Франциско Хозе Фортуни, диркетор, Европска банка за обнова и развој;
• Берт Кот, управен директор и пратнер,  „Denham Mining Fund“;
• Герејнт Боуден, виш партнер, ERM;
• Тод Ромејн, потпретседател, Општествена Одговорност на Претпријатијата,  „Nevsun  Resources“ и многу други.
 
 ПРОГРАМА

• Панели за рударството во кои главен акцент ќе се стави на развојот на проекти низ Западно-тетискиот металогенски појас;
• Зелена технологија, животна средина, општествена одговорност на претпријатијата, сесии за регулативите и финансите;
• Оптимизација на рударството и употреба на автоматизација во испитување на минерали и екстракција;
• Трговска изложба на која ќе бидат претставени иновациските трендови за наоѓање и екстракција, преработка, управување со отпад и усогласување;
• Тркалезна маса со искусни службеници и оператори на рудници, на тема: „Улогата на рударството во соодветниот развој на минерални ресурси во циркуларното стопанство“;
• Гала вечера на 12 јуни 2018 година и коктел за вмрежување на 13 јуни 2018 година;
• Посета на Рудникот за бакар/злато „Бучим“ на „Solway Group“, на 14 јуни 2018 година.
За повеќе информации ве молиме посетете ја официјалната веб-страница на Форумот: http://www.minexeurope.com/2018/ 


КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ?
Котизација на делегати од меѓународни компании:
Билет за меѓународни  делегати за 12 - 13 јуни 2018 година - 600 евра; билет за гала вечера - 95 евра; посета на рудник - 250 евра.
„Online“-  форма за регистрација http://www.minexeurope.com/2018/delegate-registration/ 
Посебен попуст за домашни компании:
Билет за  македонски делегати за 12 - 13 јуни 2018 година - 200 евра по лице; билет за гала вечера - 50 евра по лице.
„Online“- форма за регистрација http://www.minexeurope.com/2018/local-rate/  Лозинка: MXEU18-DR .

Рокот за пријавување за учество на овогодинешниот настан е до 8 јуни 2018 година.


Координатор за „MINEX EUROPE 2018“ во Стопанската комора на Македонија: м-р Сања Николова - Дирекција на здруженија и регионални комори
Димитрие Чуповски 13, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3244 091 /Факс: +389 2 3244 088 / e-адреса: sanja@mchamber.mk / web: www.mchamber.mk 
www.facebook.com/chamber.mk  // www.twitter.com/Chamber_MK  

Во прилог:
-Прирачник за „MINEX EUROPE 2018“;
-Работната верзија на програмата на настанот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права