26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

26.03.2018 - 26.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат,  Македонија

Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација


Еднодневна обука на тема:
Заштита на правото на сопственост, стекнување право
на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

28.3.2018 година (среда)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 28 март 2018 година, Ве поканува на еднодневна обука на тема: „Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација“.


ПРОГРАМА:

-
Заштита на правото на сопственост согласно Закон за сопственост и други стварни права (сопственичка тужба за поврат на стварта, тужба на претпоставениот сопственик, тужба поради вознемирување на сопственоста, тужба за заштита на сопственоста, односно заедничката сопственост, деклараторна и излачна тужба);
- Судска заштита согласно Законот за катастар на недвижности;
- Стекнување на правото на сопственост;
- Стварни права на странски физички и правни лица;
- Закон за експропријација;
- Определување надоместок за експроприрана недвижност.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Обуката на тема: „Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните сектори на правните лица, како и лица од останатите сектори, особено во делот на сите правни лица кои се занимаат со правни прашања и проблеми поврзани со заштита на нивната сопственост, споровите во врска со сопственичките стварни права, стварните права на странските физички и правни лица, како и особено постапката за експропријација согласно Законот за експропријација и определувањето на надоместокот за експроприраната недвижност согласно Законот за вонпарнична постапка.

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА

Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно    учество ќе земат и учесниците и предавачите.
Покрај погоренаведеното, на обуката ќе биде даден одговор на прашањата кои ќе бидат поставени од учесниците, а кои се однесуваат на оваа област.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА

Запознавањето на законите одредби од заштита на сопственоста, како неприкосновена уставна категорија, постапката за експропријација и во таа смисла преземање на законските можности за остварувањето на правата на правните лица како пред надлежниот управен орган, така и пред надлежните судови во Р. Македонија.
Како придобивки од оваа обука се следните:
• зголемена ефикасност во решавањето на сите правни прашања и дилеми 
  поврзани со сопственоста;
• економичност во функционирањето на правните лица во врска со 
  остварувањето на заштита на нивните стварни права;
•  зголемен квалитет на знаење за законските можности во остарувањето на 
   правата поврзани со постапката за експропријација и вонпарничната постапка 
   поврзана со определувањето на праведен надоместок за експроприраната 
   недвижност;
• создавање на подговтвеност за справување со ризиците поврзани со 
  сопственичките спорови. 

ПРЕДАВАЧ:
-м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат со искуство во сите области од правото, а особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р.Македонија. М-р Тутуновска има магистирано на тема од областа на договорното право и има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички, така и правни лица, пред сите приватни лица со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓање на правни решенија кои се клучни за деловното работење на компаниите. Еден период истата беше и колумнист во списанието „HR“, за човекови ресури, каде главните теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 22 март 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права