ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
18.06.2019
Семинар
ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАЧЕЛА НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ, ВО НАСОКА НА ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАЧЕЛА НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ, ВО НАСОКА НА ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ, УПРАВУВАЊЕ И РАСПРЕДЕЛБА, СКЛАДИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ СО ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЕДИНИЦА СОГЛАСНО ПЛАНОТ И ЛИСТАТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ  И НИВНИТЕ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ

18.06.2019 година (вторник)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат


          Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на организација на водење и управување со документите, нивна распределба, чување и складирање, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување.

Програма на семинарот:

• Закон за архивски материјал;
• Помошна евиденција во канцелариското работење;
• План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
• План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
• Прегледување и распоредување на документи и записи;
• Составување комисија за избор и ништење на документи;
• Распоредување документи по интерни доставни книги;
• Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
• Одлагање решени документи во архива;
• Евидентирање на архивскиот материјал;
• Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и   документираниот материјал во соодветен простор и     стандардна опрема;
• Сопствена евиденција во процес на архивирање;
• Воспоставување на ефикасен систем за управување со   документи;
• Правилна класификација и рокови на чување на документација;
• Организација и надзор на документиран систем;
• Упатство за начинот и техниката на постапување со   архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и   архивското работење;
• Уредба за канцелариско и архивско работење;
• Правилник за кадровски, технички и просторни услови за   работа на документарните центри;
• Упатството за начинот на одбележување на документите со   подолги рокови на користење.

Целна група за семинарот:

-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 12.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје