НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 29.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (29.09.2020)
👁 Прочитано: 1117


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 29.09.
29.09.1571 година, роден е Микеланџело Меризи да Караваџо, италијански барокен сликар.
29.09.1935 година, роден е Џери Ли Луис, американски рок ен рол-музичар.
29.09.1936 година, роден е Силвио Берлускони, италијански политичар.
29.09.1938 година, Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишаа Минхенскиот договор.
29.09.1941 година, започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев, еден од најстрашните масакри во Втората светска војна.
29.09.1993 година, во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.
Служба за информирање при Комората