Бизнис-настани

30.01.2018 - 30.01.2018


Презентација Скопје,  Македонија

БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018


 

Покана за
бесплатна презентација на тема:

ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“

30 јануари 2018 година (вторник)
12:00 часот
Стопанска комора на Македонија
сала 4, кат 5

     Почитувани,

     Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис партнер, ве поканува  на бесплатна презентација на  Групацијата „ГГЕ” од Словенија, на тема: Проекти за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на оперативните трошоци по моделот на „ESCO“.


     Групацијата „ГГЕ” е водечка компанија во регионот во делот на енергетиката, којашто има за цел да им помогне на компаниите во  имплементацијата и изведувањето проекти за енергетика со намалени трошоци. Пристапот на „ГГЕ“ вклучува проценка на потенцијалните заштеди, дизајнирање енергетски решенија и реализација и финансирање на овие инвестиции, чиј краен ефект е намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за истата.


     Групацијата „ГГЕ“ нуди широк спектар на решенија со иновативен модел на соработка со таканаречениот „ESCO“ модел (Energy Service Company), којшто нуди решенија за имплементација и финансирање на вашиот проект за енергетска ефикасност. Партнерството помеѓу клиентот и  компанијата „ГГЕ“ којашто го користи „ЕSCO“ моделот му овозможува на клиентот да ја подобри енергетската ефикасност на објектите и постројките без да ги троши сопствените средства или да користи кредитни поволности.

     Моделот „ESCO“ значи испорака на енергетски услуги со загарантиран исход, односно:
• компанијата „ГГЕ“ (ESCO) целосно  врши енергетска контрола на вашите капацитети, предлага решенија, имплементира, работи и одржува, но што е најважно, обезбедува финансирање за да можат компаниите да се фокусираат на својата  основна дејност;
• во целост го  презема развојот, имплементацијата и финансирањето на инвестицијата. На клиентот не му е потребен сопствен фонд за да инвестира во зголемување на енергетската ефикасност. Сите активности при инвестирањето се финансираат од остварените заштеди на компанијата којашто го имплементира моделот;
• заштедите на енергија и оперативните трошоци постепено се вршат врз основа на гаранциите утврдени во договорот. Сите ризици од имплементацијата се пренесуваат на „ЕSCО“ (технички / финансиски / заштеди).

     Со цел подетално да се запознаете со проектот и со можностите за партнерство што ги нуди Групацијата „ГГЕ” за македонските компании, ве покануваме на бесплатната презентација што ќе се одржи на 30 јануари 2018 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

     Ве молиме, вашето присуство на презентацијата да го потврдите со пополнување на пријавниот лист (во прилог), најдоцна  до 26 јануари 2018 година. Бројот на учесници е ограничен.

За повеќе информации околу учеството на презентацијата, ве молиме да не`контактирате.

Во Прилог:
- Агенда и
- Пријавeн лист.


Kонтакт:

м-р Сања Николова 
Е-адреса: sanja@mchamber.mk  
Телефон:+389 2 3244 091 

 

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права